свој (прид.) - широк (прид.)

- Не го кажувај ова два пати. Лудиот камен може да те сопне во мигот кога најмалку се надеваш. - ѝ одврати Виктор со својот широк насмев зад кој се криеше никулец симпатија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сонцето само што свива од зенитот по својот широк лак.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Бараше ти донесов, Јаго“, рече дојдениот и дури тогаш го виде третиот, се тргна се собра во својата широка и темна облека.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се тегнеше, ги полнеше градите со свежина и ги згрташе со својот широк поглед чукарите, буките, ливадите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со својата широка гостопримливост за геј-желбата, како и со самата своја форма, чии нарушителни смени на начинот ја укинувале нормалната, обичната стварност и ја заменувале со лирска, игрива, откачена и екстатична алтернатива, мјузиклот на одреден вид геј-гледачи им ја пренесувал, „дури и при нејзиното одрекување, хомосексуалната склоност на светот“. (132–133) Без воопшто да ги признае геј-мажите и дури и при самиот чин на одрекување на нивното постоење, бродвејскиот мјузикл им дозволил да учествуваат во настраните начини на суштествување и чувствување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Митра на Чана сака да проговори нешто, ја отвора устата, ама Чана ѝ ја затнува со својата широка дланка.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Подоцна, кога дозна Пелагија како се преселила Чана, убаво ја искара, а оваа само ја пушти својата широка и гласна смеа Ми шо ми стана, мори сестро, зар р’цте ми паднаа! се свртува кон неа секнувајќи ја смеата Ми кој ти а пуле Пеличка?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Старецот ја остави ластегарката и барајќи нешто во својот широк појас почна бавно да раскажува: - Те најдов по орлите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа се приближуваа, по рамната патека, која ниско се извиваше, како долга змија што со својата широка уста го обзинуваше левиот кварт од градот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Прчот, запален, се изви во воздухот, небаре со акробатски скок, и ја прифати Сталинка во својата широка прегратка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И Чанга беше среќен. Тоа го изразуваше со својот широк и благ поглед, како човечки зрак кој допира до душата...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мене ми се допаѓа дека од сите страни до неа се доградени соби и сопчиња, така што ако таа се погледне оддалеку, тогаш се гледаат само крововите, насадени еден на друг, што многу наликува на чинија наполнета со палачинки, или уште подобро, на габи, што растат на дрво.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Впрочем, сите кровови се покриени со трска; врбата, дабот и двете јаболкници се навалија врз нив со своите широки крошни.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ако популарната култура во педесеттите години презриво ја споредуваа со “средновековно лудило”, таа сега станува нешто навистина опасно: конкуренција што ја слабее и ја загрозува политичката и економската моќ на водечките медии.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Меѓу причините за тоа што, на пример, новинарите така често без опипливи докази се нафрлаат токму врз популарната култура како на главна предизвикувачка на насилство, е најверојатно и фактот што вистинските причини и објаснувања за насилството и нетолеранцијата се многу покомплицирани и прикриени (големи општествени разлики, вонредна хетерогеност на популацијата...), додека телевизијата веќе заради својата широка популарност е мошне погодна за Margina #32-33 [1996] | okno.mk 103 улогата на жртвен јарец. Katz исто така тврди дека при тоа се работи за интересна реакција на централните медии на фактот што сѐ повеќе млади луѓе се служат со новите начини на комуникација, пред сѐ кабелската телевизија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа е нивната реакција толку силна и пресметана; имено, тие посегнаа по сигурното средство за мобилизирање на јавноста и проблемот на популарната култура го претставија како образовен проблем.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)