свој (прид.) - стар (прид.)

Од овие зборови плачевме, одевме во визбата, во дворот, да провериме дали се козите уште таму, да ги донесеме со нас горе, во нашите соби, да ги сокриеме во долапите во кои татко ми ги чуваше своите стари книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Убавиот сонче ден, разбирливо, создава и расположение за прошетка низ овој стар холандски град, можеби, единствен, што успеал целосно да ја сочува својата стара архитектура...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Франкфурт, велат, од германските градови најмногу ја зачувал својата стара физиономија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Минејќи покрај фотографскиот излог на Сотка, осветлен со една сијалица внатре, тој го погледна по свој стар навик.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А во Брлевата куќа им беше згодно на сите тројца, а на Толета и Митра особено. Co така осигурен животец Толе ја преседе пролетта и секој ден беше во врска со својот стар ортак Јована Мачникот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се сторија двајца. И си ја почнаа својата стара работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А за да биде сосема приврзан за неа, Митра ја излеваше сета своја женска нежност и му го правеше животот пријатен, толку повеќе што и таа не го сакаше својот стар маж Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Сакам да се ставам со нив, другари, и ќе ве молам да ми помогнете колку што можете — ја упати Ѓорче својата молба кон овие свои стари познаници и организациони луѓе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тој момент Црна почна подмолно да јачи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Под тврдината Запатос Виејос, чевли од бронза, со врвки од сеќавања: паметник на поетот Луис Карлос Лопез, кој Картагена де Индиас ја сакаше како своите стари разгазени чевли, кој и жените ги сакаше како своите стари разгазени чевли.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Фракталите најчесто се користат во физиката на која ѝ помогнаа да излезе на крај со своите стари и нови проблеми.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Типац што е добро нахранет, кој ја избегнал големата војна, ја кврцнува навечер својата стара и неговиот ден е завршен. Готово.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Старецот се накашла, отиде до прозорецот и се загледа во врвовите на своите стари чевли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Знаеше дека среќата треба да ја примамиш со својата внатрешна среќа, дека среќата бара да ѝ постелиш среќа за основа за да долета кај својата стара добра пријателка, внатрешната радост.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Понекогаш се обидував да ја разгатнам омразата на мојата мајка, јас, која бев можеби нешто како дупка во која може да се фрли сопственото црнило, и помислував дека таа во мене го мразеше мојот татко, својот стар сопруг, постар и од нејзиниот татко, можеби со омразата кон мене го гаснеше својот копнеж да има маж на своја возраст уште пред тој копнеж да се распламти, можеби ме мразеше не самата таа туку онаа нејзина дамнешна болка, родена од присилата предвреме да ги прекине своите девојчински мечтаења, и да му се повинува молчејќум на стариот сопруг, да живее во сиромаштија и во таа беда да раѓа и израснува деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А можеби, заради мојата приврзаност кон брат ми, ме мразеше мене затоа што беше немоќна да ја мрази онаа заради која нејзиниот златен Зиги се одвојуваше од нас; тој започнуваше друг живот, градеше нов свет во кој ние можевме да бидеме само попатни минувачи, во нашиот свет тој сега избираше да биде само гостин, а мојата мајка, ако ја замразеше Марта Бернајс, не можеше ништо да ѝ стори, отровот кон љубената на брат ми никогаш не би стигнал до неа и би останувал во мајка, и затоа ме избираше мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За сожалување, муслиманите и до последно време не можеа да се ослободат од својата стара предрасуда да гледаат на христијаните како на подолна раса од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Барем го вратив онаму, од каде што беше тргнат, мислеше, барем го натерав да се врати во својата стара шума. Беше слаба утеха.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Волкот сега си се сместуваше на своето старо место под буката, а неговата миризба му го испогани неговиот здив и му го направи него поотровен од секој чад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Продолжуваше по својот стар не загубен ритам, просто забегнувајќи си го погледот од сето она.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега можеше уште само да го гледа како заминува надолу, изнаоѓајќи ја својата стара дира, она збеснето чудовиште.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А оној, неговиот, полека се довлечка под дрвото и си го зазеде своето старо место, темен и едвај чујно заскимтен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кај и да погледне, човекот ги сретнува тие дланки - под коњските поткови, на грубите ѕидови, пред своите стари чевли.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Девојче, што бараш ти овде? - ја праша својата стара пријателка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада во меѓувреме по својата стара навика почна со анализа на ликовите и карактерите на Раде, Анѓа и Ѓорѓе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Десетина планинари на различна возраст ги чекаа своите стари пријатели планинари со кои заедно учествуваа во освојувањето на Кораб, Титов Врв и Солунска Глава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Следниот ден тој се појави сиот блед и во својата стара риза, која стана уште победна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Си дојде дома со најсреќно расположение на духот, го соблече шинелот и со внимание го закачи на ѕидот, откако му се израдува уште еднаш на сукното и на поставата, намерно ја извлече за споредба својата стара риза, што беше сосема излитена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
12. Слепото око на светот беше во својата стара големина и сè уште тивко трепкаше.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Легна на железниот кревет на кој имаше само сламарица која му замириса на гумно, на летна жетварска ноќ, на 'ржаница, на разни тревки и билки како да дише огромна билна аптека; и дишеше лакомо, среќен и задоволен како дивеч што соочен со хајка и смрт, успеал да си се врати на своето старо и сигурно легло.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој беше фудбалер во германската втора лига, а во својата стара татковина медиумска ѕвезда од втор ешалон.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
На второто судење тие одново ги признаа сите свои стари престапи и уште редица нови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гостите наседнаа по своите стари места. Стојо седна како што му е редот. Домаќин ќе биде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Попот, бидејќи секој ден имаше работа со господ и знаеше колку е голем овој, се најде поласкан од Јована што го спореди со него и реши да му помогне на својот стар пријател, Иако за овие три години се „посрби“, за која постапка и го намрази.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Си дојду, Бино, си дојду, но не по твоа желба, ами по моа, — му одговори Јован на даскалот Бина, сега претседател на Јовановата општина, и почна да си шета, слободно, во својот стар војводски реон.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш тој ја префрли својата стара и сува рака преку моето рамено и со дедовска љубов ми рече, Умнице на деда, ми рече и додаде: „Кога нешто е важно а тешко е да се каже, ми рече, тогаш е најдобро да се остави молкот да рече што ќе рече“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Онака усамен, тој не сакаше ништо повеќе освен да има некого од своите стари пријатели, па да му оди и да му изнакаже сѐ.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дедо Геро пак ја фатил планината и се нашол меѓу своите стари пријатели брезничани.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Потоа девојката заминува во град и станува проститутка: поминува сито и решето и најпосле се враќа на својата стара работа, и секој пат кога ќе види како заминува шампањот, знае: „Па, овој шампањ некому ќе му донесе многу неволји”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мртвата Светлина им ги зеде сите времиња на луѓето... ... нивните синови и се вратија на својата стара мајка...
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Но, кога кожата на Атиџе се смири, го повлече црвенилото и под наборот го подаде младиот и тенок слој на голуждраво птиче, па кога Атиџе ги поврати своите стари навики, одејќи со придружбата секој вторник на капење во Чифте-амамот, а бегот него штедро го награди и го испрати назад во Блатието - тој секој вторник, зиме и лете, напролет и наесен, дојден во градот како пијан, се гледаше себеси како цупка пред амамот, чекајќи таа да се појави и само малку да го потргне фереџето, божем ветер го сторил тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Марин Крусиќ, по години отсуство поради болест на коските, сега почесто се задржуваше во Скопје, каде во истовреме помагаше околу поправањето и доградбата на Куршумли-анот, та имаше можност да се среќава одвреме-навреме и со својот стар пријател кој крај езерото му купи една од библиите на германскиот златар, а и еден Молитвеник на кирилица.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се чудеше ден, се чудеше два, па продолжи да си се крсти пред своите стари икони и кандила да пали, криејќи го пламенчето од кодошки очи, ама кога требаше одеше и во џамијата и се клањаше петпати на ден.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)