свој (прид.) - славен (прид.)

Бидејќи Штраус бил фармер од американскиот Запад тој искреирал пантолони од грубо платно наменето за селаните што работат тешка земјоделска работа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Стигнавме до градската куќа. Имаше многу народ, ги имаше од сите страни, од сите вери и народности, стари и млади, сите сакаа да си ја видат својата славна сограѓанка, Мајка Тереза.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Панталоните од џинс биле идеални бидејќи тешко се кинеле, лете во нив не било претопло, зиме не било престудено, имале долгогодишен рок на употреба, а покрај сето тоа изгледале добро кога по многу перења ќе го добиеле својот славен испрано-блед имиџ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но позата на Вишоуз не е поза карактеристична за него (симната од некоја фотографија, како што обично се прави при изработката на восочни фигури), туку тоа е поза на Сид Вишоуз како Елвис Присли, односно Елвис Присли онаков каков што го претставил Ворхол во својата славна серија на дела од 1962.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вистинска експлозија се случи во шеесетите - половина луѓе од планетава почнаа да носат фармерки.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Меѓутоа, кога ќе погледнеме повни­ мателно, лицето на Сид Вишоуз не е лицето на Вишоуз туку автопортрет на Гевин Турк, „маски­ ран“ во типичната „униформа“ на Сид Вишоуз.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)