свој (прид.) - ситен (прид.)

Вангел Русјаков се качил на втората плоча со својата ситна женичка и купот деца, додека Родна не успеала да го наговори нејзиниот Петре и тие да одат горе и да си шарнат една или две одаи со бела вар како Геле Колишев и Вангел Русјаков.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Вангел Русјаков, без да ја поткрене главата проломотува Браво за Дине, ем две жени, ем куп деца, ем сам под капата на Господ! се подзавртува и својата ситна женичка како да ја напикува во својата пазува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Карнаварата испушташе црвени цветчиња со кои ги намамуваше инсектите: кога ќе ѝ слетаа на листенцата, го затвораше цветот и ги впиваше во себе, ги смукаше; сувоземната утрикуларија лисјата ги свиткуваше во вид на труба, на уста, и штом ќе влезеше некој инсект внатре - таа го затвораше како во стапица и го цицаше со своите ситни влакненца; водената утрикуларија испушташе тенок леплив меур на кој инсектите како на смола се лепеа останувајќи заробени.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ако не знаел, зошто тогаш последните зборови до мене, кога заспивал во Господа, во светлозрачниот Рим, на четиринаесеттиот ден од месец февруари, на вториот индикт од создавањето на светот, шест илјади триста седумдесет и седмата година, ги запишал на писмо, на книга стуткана, со својот ситен, неубав краснопис, и рекол: „Ова да му го дадете на отец Иларион.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)