свој (прид.) - практичен (прид.)

Заштитата на британските интереси во Кралството Југославија најде своја практична реализација со појавата на полковникот Дража Михајловиќ.21 Британските известителни служби и британската влада по окупацијата не располагале со податоци за состојбата на политичките сили во Југославија бидејќи нивната известителна служба била разбиена и пренесена во Истанбул и Анкара каде што бил формиран таен центар при кој се наоѓале голем број британски агенти со цел да се собираат информации за штабот на британските војски на Средниот Исток.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
89. На Мисирков секако му правело впечаток тоа што ТМОРО во своите основни акти имаше една „интернационалистичка” платформа, а во своите практични настапи им даваше повод на некои набљудувачи на движењето да ја сметаат како експонент на бугарските цели во Македонија, бидејќи го опфаќаше претежно егзархиското население, ги толерираше егзархиските цркви и училишта, а им се спротивставуваше на другите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Во однос на својата практична вредност, да“, одговори Дипен; „а префектот и неговата дружина грешат многу често затоа што, како прво, не постигнуваат идентификување, и, како второ, лошо го одмеруваат, или воопшто не го одмеруваат, разумот со којшто си имаат работа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И на својот практичен начин, таа собра еден квадрат прав и со гранче од едно гнездо на гулаб почна да исцртува карта на подот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја беше прочитал книгата Времето на козите и му се родила идејата како да придонесе да се вратат козите во Македонија, барајќи свој практичен одговор од епилогот на романот!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)