свој (прид.) - постојан (прид.)

Или, во друг случај, од конзулатот на друга земја во своето долго, долго писмо бара инфор­мации за дејствувањето на некои терористички организации, однапред уживајќи во реакциите на заведените и во нивните пресериозни, бирократски одговори. Dr. Ackerman се труди и своите постојани познаници и партнери да ги изненади со секогаш ново лице.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дандовата блиска пријателка и повремената муза, Juliana Hatfield (ex-Blake Babies), неодамна ја претстави и својата нова country обоена песна “Little Darlin”, објаснувајќи дека се обидува да им се врати на корените на rockот и на своите постојани инспирации Robert Johnson и Hank Williams.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ми се обрати во тон на полудоверба, излегувајќи од својата постојана бучност.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но овде гледам скалите му се потребни за да си ја искаже својата постојана амбиција за искачување, за некој вид победа, за која инаку во секојдневието се чуваше да зборува со сиот порив што го чувствуваше, додека во ракописов, бидејќи фикција, што би рекле критичарите, нема психолошка кочница.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И со својата постојана грижа за земните работи, со своето внимание кон него, со телото и со душата своја, таа го осветува, оти само преку неа тој е весел во својата тага и имотен во својата беда.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И навистина, старецот во своето долго живеење в планина, во својата постојана врска со природата, беше свикнат на еден неверојатно точен ритам на живеење, во него постоеше истенчено чувство за течењето на времето и затоа појавата на некаква умна временска направа само би го нарушувала тој ритам на установено живеење.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Својата книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите ,ја пишуваше Татко со својот живот, до неговите последни дни, како дел од својата постојана стратегија во својот живот - како да се спаси семејството, децата, во меандрите на непредвидливата балканска историја, како еден вид отворен аманет како и каде да се продолжи неговата историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Претставувањето на книжевното дело на Старова во Сенатот на Франција е добра пригода да ја изразам и својата постојана приврзаност кон младата Република Македонија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се случи токму во времето кога неговата сопруга почна со својата постојана пријателка попладне да излегува в чаршија сè поредовно и поредовно, тој да се праша: која ќе биде следната појава?
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Татко ми во основа не беше толку уплашен за ната­мошниот развој на својот син партиец, колку што не мо­жеше да се разбере себеси, ги бараше причините за својата постојана неутралност, за емигрантската готовност за ком­промиси, таму каде што објективно можеби и немаше причини.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога не можеше да го разврзе јазолот на Татковите згустени мисли, во миговите пред заминувањето, во текот на самото патување, тогаш таа си се враќаше кон својата постојана грижа, а за неа тоа бевме ние, нејзините деца, четирите синови и малата ќерка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)