свој (прид.) - политички (прид.)

На нелегалниот состанок во Охрид (28 август 1936) македонските студенти ги формулирале основните цели на МАНАПО (Македонски народни покрет): будење на националната свест и афирмација на народниот јазик; борба за ликвидирање на кралската диктатура и борба против великосрпската хегемонија; демократизација на земјата и др.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во 1936 лево ориентираните македонски студенти од Загреб, Белград и Скопје истакнале своја политичка декларација како програмски документ потпишан од 200 лица.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во својата телграма до Форин Офис тој ќе истакне: “Тито ја испрати својата политичка деска рака Кардељ да го претставува АВНОЈ на Второто собрание во Скопје“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кој е тој безобразен Бог што влегува во мене со својот политички фалус, фалусот на мојот потпис, па и јас влегувам во него, и зарем нема во потпишувањето на таквиот формулар, во пенетрацијата на неговото „јас“ во моето, висока доза на перверзен (хомо)сексуализам, што се вика власт?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)