свој (прид.) - несигурен (прид.)

Затоа таа, своите несигурни чекори ги правеше кревајќи ја ногата за да го спушти стапалото од што повисоко и со стапот при секое поместување го избаруваше местото. Го правеше тоа по навика.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И таа, со својата несигурна насмевка, со секој шепот подалеку од мене, по нечујна во постелата, го чувствува губењето на блискоста со собата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- „Yes“, рече тој на својот несигурен англиски, научен од песните на Ролингстонси, Вајтснејкс и на Квин, сè уште уморен од патувањето што траеше два дена.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)