свој (прид.) - мртов (прид.)

Овдека, на обележаното место, до подигнувањето на црквата, во времето на Преродбата, под отворено небо ги вршеа религиозните обреди и ги опејуваа своите мртви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го пропушти да влезе, а тој, надвадувајќи ги своите мртви нозе, ја повлече со себе и ја затвори вратата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Гледај, рече дрвеното лежиште, и тој виде: џиновски стебла во златноцрвени облеки го држат небото на своите плешки и полека се ослободуваат од својот мртов товар; сончевите млазови бавно ги погребуваат лисјето.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
— Остави им ги мртвите на мртвите, вели Андреја Тарковски, дајте ми ги мене. „Мртвите нека си ги закопаат своите мртви“, рекол Христос некогаш и некаде, којзнае кога и којзнае каде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше како целиот свет да бил отсекогаш само една таква кобна осојничава модрина, во која синото се разлеваше, сѐ посилно пробивајќи се и преплавувајќи сѐ друго со својата мртва потечност, и само некаде таму, напред, зад сето тоа, стои некаква топлинка, што те влече.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Волците се растурија, оставајќи по себе само неколку расфрлани голи коски, а еден од нив, продорно квичејќи, ја повлече по себе едната своја мртва половина, додека другиот, сигурно погоден во скокот, се стркала со сета сила надолу, меѓу стеблата, собран во грчот и мртов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Простете, им пришол Васко Тушев; очите сѐ уште го болеле - ја слушал во ноќта својата песна, со разденувањето ја заборавил, останала пустош во душата; еднаш, во некоја друга ноќ, ќе се сретне со сенката на својот мртов баџанак и пријател, те чекам, дојди, ќе му рече таа сенка, и тој ќе ги подаде рацете кон сите сеќавања на својот живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- И нафрлете гранки над него. Проказник ќе отпее молитва. Ех, господи...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А татко ти тогаш ти рече: „Сине, тоа е голем грев, тоа што наумил волкот да го стори“, но и ова го рече на оној негов чуден руски за кој сите го исмејуваа па и тогаш кога тој се напнуваше да ги увери присутните дека сите ние сме славјани и едно племе и дека треба да господари разбирјатељство помеѓу нас и да чувствуваме грижа едни за други, а јас, за да го смирам, морав да го повторам она што и пред тоа многупати му го имав речено: „Руски човече, побрзо јас ќе се разберам со своите мртви одошто ти со својата болка и со нас живите“, па тој веднаш замолкнуваше, се престоруваше најситно зрно просо и заминуваше во Горнидвор за да се качи на дудинката; беше и возрасен, и умен, а со срамно детско однесување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Имаше некаква мистична сила која ја тераше да си оди дома, во својот мртов дом, но таа иста сила и ја задржуваше да остане во куќата, со денови да не излегува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)