свој (прид.) - млад (прид.)

Преку зимата му влезе под кожа на отец Арсенија Гледајќи го Сталета, отец Арсенија се гледаше сам себе во своите млади години и му се свиде оваа волја на младото момче да стане како него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Аир ефендум, ошче за кумити сме ние старите. Не гледате, едната нога веќе ни е во гробот, — му се испушти на стариот Главчета кој ги беше фатил 99те и ѝ се надеваше на стотата, која сигурно ќе ја фатеше ако не беше пријателот Арслан.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој го мразеше Адема со целата своја млада душа уште од своите петшест години, кога мајка му велеше дека Турците смрдат, дека тие се лоши луѓе, „пци што нѐ лачкаат нас христијаните, што нѐ тепаат секој ден и што ни го земаат житото, млекото, в'пата што ги печалиме ние".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Арслан и другите Турци направија една прошетка од едниот крај до другиот и ја измерија првата редица старци, кои заштитувајќи ги своите млади синови ќерки и внуци ги изложуваа своите голи рунтави градници и бели глави пред силникот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Желбата да го видат најромантичното доживување на својот млад пријател, ги прави немирни и нетрпеливи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Познато е дека Македонија со своите млади високообразовани, но и невработени кадри кои немаат средства за егзистенција можат да направат економско чудо доколку го понудат своето скапоцено семе.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Генералот носталгично се сеќава на своите млади денови.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Судските власти, се разбира, немале сметка јасно да ги изнесат причините што ги натерале македонските револуционери да го извршат тоа опасно дело и со зачудувачка смелост да го положат својот млад живот по солунските улици.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓу нив се и оние гемиџии коишто, поврзувајќи го своето дело со своите млади животи, и сметајќи дека немаат право да ја надживеат својата акција и своите невини жртви, свесно и бунтовно се исправиле пред непријателските пушки или се самоубиле.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Милан Саздов бил од оние македонски младинци кој наполно свесен го ризикувал својот млад живот во корист на ослободителното дело.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Затоа, кога се давало оценка за неспособноста на турската полиција, се имала предвид поразувачката смелост и ладнокрвноста со која гемиџиите го положувале својот млад живот на олтарот на македонската слобода.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Стрела сама се упати по него. Дали со желба и чувство да го заштитува својот млад господар, или од страв да остане сама?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сепак го зедоа лебот и тука, пред нозете на својот млад стопан, почнаа да јадат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Доста, - нежно ја плесна Бојан по муцката, па и таа отстапи чекор, два и со крената глава го гледаше со своите умни, жолтеникави очи својот млад господар, очекувајќи ја неговата повторна покана за игра.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оти ноќе, старите полицајци (така ги викам) иако дедо ми се лути и вели дека е поправнилно да ги нарекувам Удбаши, според името УДБА што е кратенка за некогашната Управа на државна безбедност каде што работеле по војната), раскажува необични случки, потсетувајќи се на своите млади години, разгледуваат стари фотографии на кои дедо ми беше облечен во кожен мантил, имаше многу густи и црни мустаќи и изгледаше необично строго.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мојата баба ја исполни куќата крај Езерото со своето младо, живо и моќно присуство, успевајќи со својата тивка моќ да ја совладува семејната патријархална доминација, која дедо беше немоќен да ја одржува како во првиот брак, да влее нова крв во семејниот крвоток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со сета предност и сиот баласт на своите млади и непрегорени години, Живко Чинго се вредува во нашата книжевност како еден од ретките (и: дали - последните?) писатели идеалисти, ако тој збор пред сѐ, го сфатиме како антитеза на инертната, бескрвна, апатична незаинтересирана и апстрактна симболика на рамнодушните.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Бузо не кажа која била причината што го натерала Едноокиот Полип на таква гнасна и нечесна акција; Ѓеле донекаде ја објасни причината зошто сите на бродот не се согласиле со капетанот и енергично се побуниле против неговата желба, но требаше повеќе и поубаво да ги објасни и расветли душата и срцето на тие луѓе; Васе доста лесно мина преку храброста и смелоста на оној што со маки ги раскинал јажињата и го ставил на коцка својот млад живот; Марко не го протолкува и не кажа ништо за крајот на приказната.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Средниот брат влегол под шаторот многу нерасположен и грубо ѝ наредил на жена си да му ги собуе чизмите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Лесно му било да го каже тоа, зашто потајно ја мразел својата млада жена и сакал да ја симне од врат за да може на нејзино место да донесе една млада Гркинка со руса коса.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)