свој (прид.) - кус (прид.)

Не мислеше сега веќе на ништо друго, тој малечок бегалец од дивината, за него постоеше само вкусот на дланката на човекот, тој продолжи само да лиже и да фрцка со своето кусо опавче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
— Така, браќа, така. Ќе и мешаме капите со агите, шо' ќе и мешаме, ами гледајте прибирајте понекое пусатче да ви се најде, — им зборуваше Толе па Врпчанци, Жиовци, Витоливци, Полчивци и другите селани од неговиот реон, покажувајќи им ја својата куса малихера, накована со жолти черечиња и половини лири.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие фатија „трговија" со полјаците, ќаите, та дури и по понекој чифлигар и сите се вратија со по една две пушки, а потоа продолжија со „трговијата".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Грмежите в село го привлекоа јузбашијата што беше во гробиштата, па гледајки дека од неговиот „фронт" бунтовниците отстапија, го собра аскерот и му притрча во помош на Расимчауш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Теслим, бре ќелешковци ниедни, ако сакате главите да и спасите! — се провикна Толе и ја испразни својата куса манлихерка кон калето отакде пукаа мамзерите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Славејчето и понатаму со занес повремено ја повторуваше својата куса песна во којашто секогаш на крајот како да се задавуваше, а сончевата светлина преку стаклото од прозорецот, стануваше уште поблескава.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)