свој (прид.) - здравствен (прид.)

Што ќе стане утре со Анѓа, ќе ги реши ли таа своите здравствени проблеми, ќе ја добие ли пензијата, никој не може да каже.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Условот за овие граѓани да можат да ги остварат своите здравствени права е доколку во претходната календарска година оствариле приход кој не е поголем од 132.000 денари, или пак оствариле приход поголем од 132.000 денари, но не поголем од 264.000 денари во претходната календарска година, со услов во претходните два месеци да не оствариле поголем приход од 22.000 денари (чл. 10-б).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Така, при доставувањето барање за утврдување инвалидност или неспособност за работа, засегнатото лице од 2004 година е должно да достави и наод и мислење за својата здравствена состојба и работна способност од матичниот лекар, а покрај тоа потребно е и да добие согласност од лекарската комисија на Фондот за здравствено осигурување, врз основа на лекарски преглед (чл. 1, ЗИДЗПИО/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Томо беше цврсто решен, без разлика на својата здравствена состојба, докрај да го одржи и спроведе ветувањето дадено на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во двете следни измени од 2011 година,125 важно е да се напомене дека на индиректен начин се регулира правото на невработените лица да го остваруваат своето здравствено осигурување преку формулацијата „граѓанин кој не е дефиниран како обврзник за плаќање на придонес по една од основите од чл. 10 ст. 1 т. од 1 до т. 14 на овој закон“ во новододадениот член 10-а.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)