свој (прид.) - дневен (прид.)

Сепак продолжи, упатен право кон својата дневна цел – продавницата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Големиот Брат повремено ја посветуваше својата Дневна заповед на споменот на некој скромен, обичен член на Партијата, чиј живот и смрт ги издигнуваше на ниво на пример достоен да биде следен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И се потсети на својата дневна заповед што ја испрати кога Клефтис беше одбиен и одново се најде во рацете на 105-та бригада на ДАГ: “Преземањето на Клефтис не исполнува со ентузијазам.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Затоа што ако се впуштиме кон искуството во нив, сфаќаме дека нашите уши и нашите животи се менуваат, не така што добиваме обврска да го вкусиме Ичијанаги (или, кога сме кај тоа, Јапонија), за да ја добиеме својата дневна порција на убавина, туку така што во секој момент нѐ прави способни (било каде да живееме) сами да правиме своја музика (не говорам за било што посебно, само за отворањето на ушите и отворањето на свеста и уживањето во секојдневните шумови).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Некои се изјаснуваа и како анархисти, а во своите дневни соби имаа гарнитури од Луј 14.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Спокојно стана, се истушира и реши да ја изведе својата дневна полчасовна медитативна вежба, нешто што вчера го пропушти поради патувањето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)