свој (прид.) - длабок (прид.)

Еве, веќе четврт век, не престанува, во ноќите на својата длабока самота, да го прави имагинарниот биланс за себе и за семејството: што ќе се случеше ако го послушаше Ататурк и ако си ја врзеше судбината за старите и особено за новите кадиски ешалони кои, сега, според урнеците на европското право, ја свртуваа судбината од Исток кон Запад, кон Европа!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Остана така подолго време, навидум смирен, без збор, во светот на својата длабока тишина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
— Го гледате шишот мој? Муш, муш, муш! Ќе измушкам најмалку десет аскери со него во Витолишча, — се шегуваше Илко Корунов од Бешишта, одејќи по Бешишкото Поле со сакмата нарамо и еден крклиг врзан на стап со подвеската од десната нога.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Инаку ќе му го дада огнот на селото и ќе ве испеча како глувци сете! — грмеше Толе со својот длабок глас и им се закануваше дека сите ќе ги избеси на врбите во ливаѓето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И, опфаќајќи ги сите со својот длабок, умен поглед, од кој избиваше железна решителност и вулканска енергија, Карев зазбори полека, премислувајќи и застанувајќи при секој збор: - Значи, така!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во својот длабок ум имаа всадено, којзнае од каде, дарба за комуникација со него, со сѐ што е природно и позитивно. Како е можно тоа?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе дуќани почнаа да се затвораат, дуќани на рисјани и дуќани на Турци, а оние што останаа отворени ги голтаа во својата длабока темнина главите на замолчаните дуќанџии.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Или пак дека како дете бил фасциниран од идеите во физиката и математиката; во средно школо и на факултет ги следел своите научнички и лингвистички интереси и му се развиваат и уметнички амбиции; ја открива својата длабока љубов кон многу композитори, особено кон Бах и Шопен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Го поздрави Елеазара со својот длабок глас и без стегање му се обрати на Лука.  „Градоначалниче”, му рече, по малку задишан, свештеникот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Корец се сеќава како реб Апфелблум го пронижуваше со својот длабок и силовит поглед и откако доби нема и цврста потврда од својот поранешен ученик, му објасни дека презема тежок товар на плеќите, не само поради тоа што солунската еврејска заедница е една од најбројните, туку и дека не е сеедно еден ашкенаски Евреин да биде поглавар на најбројната сефардска заедница на светот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Рековте, го носите бараниот список со имињата на еврејските семејства”.  Владиката го одложи својот длабок поглед врз лицето на Алфред Лит и по една недолга пауза од која Лит се почувствува нелагодно, го сврте профилот кон Лука Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Стариот учител се навали на наслонот од столицата и задоволно си ја погали бујната, пробелена брада. Тој копнееше по такви одговори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Карер го гледаше возбудениот човек и му даде знак да продолжи.  „Само што ни дојде писмо од Атина по еден наш човек...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јас сум решен да ја следам нивната судбина*”.  „Двајцата”, додаде спокојно Лука Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Не се корне лесно солза мајкина. Таа има свои длабоки корени во душата”, велеше Мајка во најтажните мигови на животот, кога губеше рожба, дел од своето семејство на двете страни од границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но таа, сепак, продолжуваше да пребарува длабоко во своето сеќавање, по лавиринтите на својата длабока тишина, да ги обликува контурите на исчезнатите, во живата присутност на стеблото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)