свој (прид.) - гротескен (прид.)

Во својата гротескна природност изгледаше како човек кој станал идентичен со својата желба, како отелотворен, чекоречки day dream, како фантазам што зборува.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Рабле, којшто говореше повеќе европски јазици, но и грчки, латински, дури и хебрејски, своите гротескни романи Гаргантуа и Пантагруел, ги прошара со безброј нови зборови, привлечни неологизми, состави листа на бизарни јадења на времето, не заборавајќи ги и имињата на класичните јадења.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Претставата, да не е трагична, би можела целосно да плени со својата гротескна страна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да продолжеше францускиот јазик (уште некодифициран, помеѓу латинскиот и класичниот јазик) да го следи зборотворниот гениј на Рабле, а не патот на академизмот што ќе го следи во наредните векови, тој ќе беше еден од најбогатите јазици во светот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)