свој (прид.) - главен (прид.)

Нетрпеливиот шеф од почетокот на текстот е наречен благороднички тип.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сосема е друга работата со тнр. сократски тип, кој тежнее секое можно нешто да го анализира од сите можни агли.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Најдобриот начин да комуницирате со него е да бидете директни: веднаш на поче­ токот наведете ја целта на вашиот контакт или заклучокот, потоа кратко и јасно “излистајте” ги своите главни аргументи и на крај прашајте дали се потребни додат­ни појаснувања.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Црквата кај нас си ја загубила својата главна цел, па затоа македонската интелигенција и народот имаат полно право да ги употребат сите свои сили за да ја лишат црквата во Македонија од чисто националните цели и да ѝ ги вратат оние цели што ѝ ги заповедал нејзе нејзиниот Божествен Основач: да го проповеда евангелието на сите јазици, т.е. на сите народи и нивните јазици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
43. Православјето – најстарата, најраспространетата и основната религија на сите македонски народности, за сожалување, сосем ја загубило од видот својата главна цел да сее братство меѓу народите, да ги облагородува срцата на верниците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во меѓувреме владината војска својот главен удар го насочи на Лисец, но пред тоа се водеа тешки борби за ридот Чука каде не е утврдено дали некој од бранителите остана жив.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но еден Leonardo кој наместо со Luca Pa- cioli се дружел со Henri Pioncare (20) и Elie Joeffret. (21) Кој, наместо да ги нацрта илустрациите за трактатот на оној првиот за Divina Proportione, го примени златниот пресек во своите главни дела, од сликата Невеста од 1912. до подготвувачката студија за кадифето и пергаментот во амбиентот на Со оглед дека..., минувајќи, секако, низ Големото стакло.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Средства немаше скоро никакви, но летото во 1938 година во Париз се појави Друштво на пријатели на руската драмска уметност, кое си постави како една од своите главни задачи содејство кон веќе постоечкиот “Руски театар”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Гетото има практична локација: поставено близу до железничката станица, ги брои сѐ помасовните транспорти со мажи, старци, деца, девојки, трудни жени, млади брачни парови земени неодамна во една, во тие околности неочекувана и чудна епидемија на свадби што се случуваат и по сто на ден, но и на болни, исцрпени, предсмртни и млади, здрави, полни со живот, очајни луѓе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Никого, чувствува, повеќе не може да задоволи и да го фасцинира: ниту Германците, ниту своето верско стадо кое сѐ уште не ја изгуби верата во Бога, но наполно ја изгуби верата во својот главен рабин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)