свој (прид.) - броен (прид.)

Од нив, само еден грчки знак - stygma - во коптскиот ја задржува својата бројна вредност 6 без фонетското значење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грчкиот и готскиот алфабет во целост се прекриваат меѓу себе; во готскиот алфабет не постојат дополнителни знаци како во случајот со коптскиот систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Јас тука, од мојот скромен поетски опит, ќе се обидам само да си ги преповторам себеси толку познатите и толку значајните белези со помош на кои поедноставно сум си ги разрешувал своите бројни дилеми во процесот на создавањето на песната.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Како и грчкиот прототип, така и готскиот алфабет содржи 27 букви со веќе напомената бројна вредност, при што последниот 27-ми симбол на готската алфабетска низа, кому во грчкиот му одговара еписемонот сампи, се употребува само во својата бројна вредност 900.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со своите бројни стада, со шарпланинците, посебно со својата мијачка облека и говор, и со сточарската исхрана, бакрданик, сирење, грав, и овчка пастрма, за сите пелагониски селани, посебно за жителите на Потковицата, во чиј синор спаѓаше заветрината, мијаците претставуваа вистинска атракција но не и туѓинци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од грчкиот во коптскиот алфабет, чиј што автор не е познат, преминуваат 25 знаци во неизменет редослед, за пренос на соодветните фонеми во коптскиот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)