свој (прид.) - страница (имн.)

Написот што Нешнал ривју го објави на својата страница во петокот на 17 март 2000 година го презеде Вашингтон тајмс и така растревожи низа десничарски организации.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во протестното писмо посебно се нагласило дека интервјуто е објавено во време кога вистината за Југославија станала позната во светот и кога британскиот премиер Винстон Черчил ги величел успесите на југословенските партизани.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
КНИГАТА СВЕДОК полици со мали простори за прав од време недопишани наслови допишани желби претопени во печатарска боја на која ми се лепат прстиве и оставаат оттисоци од воздишки а јас немам право на збор јас немам право на одбрана јас немам право на своја страница во книгата јас немам право на своја страна на светот јас немам право на странствување додека се задушувам во прав од букви на овие полици на кои го користам правото да молчам
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
На овој обид на Константин Фотиќ реагирал Обединетиот одбор на Американците од југословенско потекло, кој на 26 април 1944 година упатил протестно писмо до Редакцијата на весникот „Њујорк тајмс“, изразувајќи притоа чудење зошто такви сериозни весници како „Њујорк тајмс“ и „Њујорк Хералд трибјун“ отстапуваат простор на своите страници за мистификациите во врска со Дража Михаиловиќ, упатени од членовите на реакционерната Југословенска влада во емиграција, на чело со нејзиниот претставник во САД, амбасадорот Константин Фотиќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во рок од неколку дена, сигурно до четвртокот, до 21 март, 2000 година, Американското здружение за семејни вредности на својата страница веќе додаде врска до описот на предметот објавен на страницата на Нешнал ривју.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)