свој (прид.) - стварност (имн.)

Поради сѐ поголемото отуѓување во денешното општество таа река информации пресушува и се случува тинејџерите сѐ повеќе да ја примаат телевизиската стварност, особено оние делови што им се наменети токму ним, и ги примаат како своја стварност.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но, Таа ја изживуваше својата стварност убедено.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тоа, листањето на книгата, би било една бесмислица ако не е овој сноп невидливи зраци што го предизвикува листањето на страниците и така го одредува просторот, оној дел од просторот за кој секој за себе е свесен, во кој ја има поместено својата стварност.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)