свој (прид.) - став (имн.)

Тие не одат подалеку од улогите што секојдневно ги интерпретираат, со што е постигната веродостојност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ворхол не создаваше ѕвезди од нив, туку, според својот став на набљудувач, ги ставаше пред камерата сами да го изборат својот статус.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Некои од другариве сакаат да останат како Даме што направи — и покажа на Перета и други нивни едномисленици, кои веќе беа определени во својот став по ова прашање, та дури веќе и на една страна стоеја.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Па, што можиме и да им помогнеме, бре Ѓорче?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стратегиските промени на Африканскиот фронт и на Маедитеранот и сѐ поголемата улога на Балканот како единствено европско боиште, влијаело Британците да го променат својот став во однос на НОД во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Стратегиските промени на Африканскиот фронт и на Медитеранот и сé поголемата улога на Балканот како единствено европско боиште, влијаеле Британците да го променат својот став во однос на НОД во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Личните интереси и политичките комбинаторики на големите сили требало да се прилагодат кон придонесот на воените успеси на НОВ и ПОЈ против силите на Оската и да го ревидираат својот став кон НОД.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тој свој став го базирал на познавањето на грчките становишта кон Македонците во Грција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
И покрај постојаните дискусии по овие прашања меѓу воените и политичките раководства на двете движења секој останувал со своите ставови.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Прифаќањето на ваквите појдовни точки и заклучоци можеби не би било можно кога не би биле свесни дека Кејџ своите ставови секогаш ги изнесуваше со свест дека ги изнесува своите ставови и кога не би ја имале во предвид познатата забелешка на Костеланец дека “во Америка, за разлика од поголемиот број европски културни средини, не постои утврден пат за постигнување на интелектуален и уметнички успех, еден единствен културен естаблишмент кон кој младиот и амбициозен човек ќе може да се насочи, нема одредена публика која донесува конечен суд, институции кои издаваат конечна потврда за успехот, признание или награда која ужива општо почитување“. 174 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Предавањата во училиштето за Кејџ беа начин да се направи себеси достапен на сите коишто сакаа да работат со него. (На сличен начин, издавањето на своите книги тој го објаснува како доследно спроведување и проширување на тој принцип кој неговите искуства ќе ги направи достапни до поголем број почитувачи и следбеници).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Според нив, музиката е прекумерно поедноставување на ситуацијата во која се наоѓаме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Сѐ додека еден граѓанин на оваа држава заради една националност политички, општествено и човечки е адекватен, одбивам да бидам сведена на било која - му го објаснив својот став на чекачот, горда што успеав така згодно да го формулирам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Јас сум - останати! O-T-H-E-R-S ! - овојпат и јас дрекнав, и од некоја си причина го засилив својот став на англиски.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Всушност, Дишан својот став го поткрепува со следното: „да се доведе Декартовото сомневање многу подалеку отколку што тоа го стори картезијанизмот: сомневање во самиот себе, сомневање во сѐ. На прво рамнодушноста”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Уметничкото дело за него станува „прецизно сликарство“, оплеменето само со „убавината на рамнодушноста“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, бидејќи, главно, не ни се појавуваат како изреки, туку како перцепции за светот или како чувства однатре или како длабоко лични и оригинални пронигби, тие и понатаму кај многу луѓе обезбедуваат извесна приврзаност на интуитивно рамниште.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вистина е, кога ќе се изнесат смело во вид на изреки, како што направив баш сега, нема таков што при здрав разум би ги одобрил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па, сепак, и понатаму очајно ни е срам колку се чувствуваме и се однесуваме настрано – се срамиме од своите инстинкти, љубов и омраза, од своите ставови, од своите нестандардни вредности, од своите начини на суштествување, од сопствените општествени и културни практики.99
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Општествените конструкции, со други зборови, не се неточни и погрешно е да се смета дека општествената анализа имплицира дека темелните интуиции за светот ни се заблудени и неосновани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како стрејт-мажите се по тоа што се мажи и што на повеќето од нив, барем отпрвин, им се укажува достоинството и чувството на субјективна ополномоќеност што, главно, им се придаваат на мажите во систем на машка доминација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да те признаат и да те третираат како машко неминовно значи и дека си општествено и субјективно конституиран како машко.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете зошто на коментатори на културата како Камил Палија и Харви Менсфилд, кои мешетарат со такви предрасуди или ги мобилизираат за да им дадат на своите ставови божемна убедлива разумност, секогаш им успева да си најдат восприемлива публика – публика која е и тоа како готова да си ги фрли во вода наводно „политички коректните“ уверувања (кои, како прво, очигледно не ги ни пригрнала многу ревносно и искрено) во корист на нешто што лесно, но делотворно, се протнува како чиста природна стварност и како очигледен здрав разум. ‌Ова само покажува колку од она што го сметаме за стварност е, всушност, општествено конституирано без да престане да ни изгледа стварно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исходот од тој родово конститутивен процес се јавува во многу аспекти на формирањето на мажествениот субјект кои се земаат здраво за готово и кои поради тоа се инстинктивни: тие аспекти се движат од чувство дека имаш право на сопствените чувства и мислења до чувство дека имаш јавен свој простор или барем дека во него ти е удобно, до уживање на правото на говор и на можноста да ѝ се наметнеш на група или да ѝ ги наметнеш своите ставови, до запоседнување на сопствена еротска автономија и сопствен сексуален субјективитет. ‌Геј-мажите, тогаш, се и како стрејт-мажите и различни од нив, исто како што се и како стрејт-жените и различни од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Истовремено, повеќето такви мажи си ги задржуваат општествениот статус и чувството на субјективна овластеност што им припаѓаат на сосема полноправните мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби е така, но понекогаш човек треба да го брани својот став – рече Еразмо, скокајќи врз цврстата земја за да ја провери нејзината цврстина. -Не е доволно тоа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Здодевноста е главната пречка поради која човекот е непостојан во своите ставови и желби – одоговори старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во своите спомени тој, Татарчев, Сандански и Гарванов, и речиси сите други, а не се малку тие што оставиле спомени, својот став кон атентатите го изразуваат со речиси наполното игнорирање на настанот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сите кои не размислуваа како Фирерот, а јавно се осмелуваа да ги кажат своите ставови, веднаш исчезнуваа без трага.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ѕурам бледо во неговото заруменето, растегнато лице, но тоа не му пречи да ја продолжи тирадата: - Таа беше типично мазохистички расположена особа, која сакаше да ми ги пренесе своите ставови.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Црквата, исто така, имаше свој став и даваше сериозен прилог во развојот на приказната.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој не се потпира на својот хендикеп кога донесува одлуки, односно кога ги брани своите ставови.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Оти почнав да се чувствувам како „шејтан“ жена, не помалку интелигентна од Сашо „Фактор Икс“, со помали фасцинантни предвидувачки способности од него, ама со аналитичен дух, кој може да се натпреварува со многумина што веќе имаат пола до час емисија, во која своите ставови ги оградуваат од уредувачката политика на телевизијата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таков беше обичајот, софрата да биде празна сѐ до мигот кога двете страни не ги усогласат своите ставови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, нема добри писатели коишто не го разоруваат (дури и кога мислат дека го утврдуваат) кодот на сопствените предестинации: религиозни, национални, историски, психолошки... 48 okno.mk Ако сум слободен да го изнесам својот став, не сакајќи овде да влегувам во аргументите на сите други ставови, го претпоставувам Рембо пред сите католици на францускиот 19 и 20 век, а Матош пред хрватските; Војнович пред сите руски православци, а Домановиќ пред српските; Омар Хајам пред сите муслимани, Витман и Емили Дикинсон пред сите американски моралисти; Еразмо на острата смеа пред пајажината на верската схоластика, Оскар Вајлд пред сите викторијанци (крутиот британизам); Томас Ман пред лажната и простачка, „мистичка” (мистификаторска) опиеност на сите настапувачки национални гордости; Кафка и Џојс пред секој „реализам”; а Ниче и Шопенхауер пред секоја катедра на големи мисли... »» Каков, во таа смисла, треба да биде ангажманот на писателот?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тие секогаш во комуникацијата беа на вие и тој начин на посебна взаемност им овозможуваше да отворат сериозни теми и секоја со докажливи аргументи да ги брани своите ставови.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа во овој однос имаше изградено стратегија, со јасно одредена цел, да биде непопустлива, и единствено дозволуваше да биде расколебана во своите ставови кога стануваше збор за прашања кои не ја допираа нејзината посебност, нејзиниот приватен живот и нејзиното професионално дејствување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Јас не можам да верувам дека тоа е така, вие зборувате површно и несигурно,“ ѝ рече Ема, додавајќи дека „не би го изменила својот став дури и да има факти, доколку не се утврди нивниот извор.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Времето е непроменливо, не ги менува своите ставови, ниту навики.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Посластицата доаѓаше другото сабајле кога на работа секој ќе го обзнанеше својот став за политичкото ст(р)ање у Македонија и економската пропаст на светот.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Пролетта стаса нова вест дека Франција го менува својот став и дека до Конференцијата на амбасадорите доставила нота во која истакнува дека причините што ги наведува Кралството на СХС се такви што треба да се земаат во предвид зашто во правниот јазик: изразот „до“ - зад кој следува име на место - имплицира дека тоа место е исклучено.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
За нив, прашањата за обединета Македонија и за балканска федерација биле "две поврзани прашања кои се однесувале на југоисточна Европа..., како и проектот за една унија на Бугарија со Југославија и настојувањето за една интегрална Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Основната ориентација што се наметнала пред големиот број иселеници од словенско потекло во САД во деновите на почетокот на Втората светска војна била насочена кон јакнењето на напредните иселенички сили и создавањето на една централна организација, која во целост ќе го претставува словенското иселеништво, а со основна задача за ускладување на работата на месните или покраинските одбори и за иницирање нови активности.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Согледувајќи ги, уште при крајот на 1941 година, значењето и помошта од работата на иселеничките групи, Владата на САД го прецизирала својот став во еден документ каде што се истакнува дека „Американската влада дозволува, со оглед на истата воена заднина, американските граѓани, настапувајќи како американски граѓани и со полна лојалност спрема САД, сепак да можат да ги симпатизираат народните барања на земјата на своето национално потекло и да можат да се организираат во знак на симпатии и пријателска помош на таквите тежнеења".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од своја страна, САД имале свој став во врска за ова прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Овој руски став тие го темелеле врз основа на историската прагма.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но во реализирањето на таа идеја се испречиле Русите, кои недвосмислено ставиле до "знаење дека тие воопшто не размислувале за вакво решение", образложувајќи го својот став со "фактот дека една таква конфедерација би претставувала цордон санитаире кон нив".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)