свој (прид.) - среќа (имн.)

Козлето одеше по својот пат, од далечина ја гледаше куќата на Сеген, нејзиниот довчерашен затвор. Беше во зенитот на својата среќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сирота, после толку перипетии во животот, конечно ја најде својата среќа во брачниот живот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Такви се времињата – секој си ја брка својата среќа.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Можеби момата од нишалката. А и не, да речеш, само една нишалка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Доктор Сашко Кедев слегува од врвот на светот како жив доказ дека на храбриот му прилега и да е среќен и да раздава потем од својата среќа.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во својата борба за изедначу­вање на правата на луѓето и животните, длабинските еколози се потпираат врз утилитарната теорија и нејзините тврдења за тоа дека секое суштество сака да ја максимилизира својата среќа и да го избегне страдањето.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Татко беше научен да си ја доживува својата среќа секогаш на маргините.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Врвот на Тумбица веќе е како избричен, а на Брчалото му се ближи времето кога, како што самиот предложи, тој требаше да земе едно запалено кандило од црквата Свети Архангел Михаил и да го однесе на Тумбица, да го постави на место каде што ќе се подигне една христијанска и една католичка црква за да имаат каде да се прекрстат и брезничани за својата среќа и сите што со своите чопери ќе слетуваат на Тумбица со џебовите полни долари.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Подоцна научи за светите египетски скарабеи и за нилските крокодили, за амајлиската моќ на бубачките и саламандрите, за тоа како човекот од примитивните времиња, од бронза, злато и сребро и од скапоцни камења, моделирал слики на овие суштества за да ги носи на вратот или на глуждот, како заштитници на своето здравје и својата среќа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тоа беше среќно семејство, сосем несвесно за својата среќа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ги олабавив прстите и се пуштив верувајќи на својата среќа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И до кога тие наши луѓе и натаму ќе ги водат недоумени, до кога судбина лоша ќе им кројат, до кога врз нивната несреќа своја среќа ќе градат?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Уште еднаш би сакала да ти посакам успех во трагањето по својата среќа.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Замина по својата среќа, што му беше дојдена пред вратата да го извика.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И ова старче, со она негово пониско рамо, продолжуваше веќе и да си ги валка своите вредни раце со некакви ситни кражбички, и беше сѐ порадосно, мислејќи дека еднаш и тој мораше да дочека среќата да му се насмевне, сфаќајќи ги за своја среќа токму тие свои поеднипати и до смешност бесмислени кражбички.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Остави ме да си се почувствувам сам, да си се порадувам на себеси, на својата среќа дека ќе бидам таму.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Овде Глигор и Арсо го чекаат бесилото, а за Џемал-ага овде е спас и живот, темна среќа на човек што својата среќа ја промашил и ја загубил засекогаш меѓу слободните луѓе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
По смртта на сликарот Столпник, во неговата куќа луѓето ја најдоа последната негова слика: неколку муренкови стебла излезени заедно од земјата од еден ист корен, од едно исто 'ртиште и плодиште; додека излегувале од земјта, си давале сила едно на друго, си помагале, а потоа секое на својата судбина се препуштало: едното: напинајќи и грабајќи ја лакомо височината, се истенчило, се искривило, како змија фатена за опашка; гранките му откажале во овој тежок напор да го следат, и тоа, полека, болно, се превиткува надолу и тоне со главата кон земјата; под вратот има заглавено висока потпирачка со чатал што не му дава да се скрши и струполи на земјата; но сето тоа е така болно и тажно штом тоа самото не може без потпирачка да се додржи; другото: робувајќи им уште од излегувањето од земјата на многуте фиданки што лакомо наудриле од него како човек со многу пород, и грижејќи се за нив да порастат, да се здебелат и рашират, постепено станало нивна жртва; тие, не мислејќи на него, се туркаат меѓу себе, грабаат од просторот, се надвишуваат меѓу себе, не водејќи сметка дека еден ден од тежина или од силен ветар, ќе се струполат заедно со тоа мајчинско стебло што им дало живот и повеќе никогаш не ќе кренат глава: ќе умираат постепено и ќе се сушат на урнатиот стеблак; трето: или по сој или така му бил благословот: кога му дошло време за плодење како господ да му се распашал: преполно е и се крши од плодови; капи благ сок од муренките како на доилка кога ќе ѝ надојде млекото; пониските гранки од тежина се спуштаат до земјата и се потпираат да си го намалат бремето; четврто: уште од раѓањето анемично - и до крајот на животот анемично; што можеле другите да му помогнат, му помогнале долу под земјата во времето на 'ртењето и пуштањето на корења; а згора: секое со својата среќа и судбина живее, како птиците кога ќе пркнат и ќе го напуштат седелото; околу него има мала оградичка од штички што го штити да не се чеша стоката од него или да го гризе; кога еден ден ќе се исуши, ќе остане така заградено со штичките како споменик: ако од него избијат нови фиданки, тоа ќе бидат посмртчиња кои одново ќе започнат борба за живот; петто: препуштено е на судбината и на бога: здраво-прездраво е родено, пркнато над земјата, а веќе едната половина му се суши; стои како човек парализиран на кого само едната половина му е подвижна; прави напор да расте и да ја влече со себе и другата половина што му стои како мртовец врзан за плеќи; најтешко му било првите години додека свикнало на тој напор и на тоа проклетство а сега просто ѝ е препуштено на судбината; она шестото, седмото, осмото, што откако излегле од земјата, помислиле дека сè можат и сè е нивно, живеат двоен живот; двојна среќа имаат: на едни сè им е едно во кој правец ќе се развиваат: нагоре, надолу или настрана; не размислуваат ни како да ја оформат својата крошна за подобро да се заштитат од ветриштата и снеговите; не се грижат и не размислуваат дали некој пред смртта ќе им стави потпирачка под мишките или вратот за да не се струполат притиснати од својата негрижа, или дали по својата смрт ќе остават потомство; се шират и живеат како што милуваат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тоа е сè што може човек да забележи гледајќи ги стеблата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Куќата му ја запалил некој што се исплашил дека вдовецот со две деца ќе ја земе како втора жена Фиданка Кукникова и ќе ги остави селските мажи без можност да се надеваат на своја среќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа може да го стори со разум и без да го потпира со прст челото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Морам да чекорам кон својата среќа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Немој да трагаш безумно по својата среќа, зашто таа не доаѓа кога најмногу сакаш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сите од персоналот се сменуваа во хранењето и контактирањето со него и ја опробуваа својата среќа да го смират, но тоа скокаше како бесно да ги дофати, да ги раскине.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Зарем од несреќата на другите ќе ја градам својата среќа? Зарем тоа не е поголема несреќа!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кратко разговараа и Александар оцени дека ќе има колку – толку помош од својот колега, кој не ја криеше својата среќа дека е во ист тим со Бојана.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Марија, без да ја крие својата среќа и радост, ѝ го претстави на Елена младиот човек: - Да те запознаам. Ова е мојот свршеник.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И затоа, дури Нешка и Доста се радуваа на својата среќа, Илко го канеше Шпира да си макне од тепсијата и му велеше: — Ваа веќе ќе а заведиш, шо ќе а заведиш, токо ајде, гледај па да доведиш некоа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во себе ја оплакува црната мома Пелагија и си блазисува што навреме ги искуба своите момички од таму, ми ги исчува господ, си мисли, оти малечки, а тука преку ноќ нека пораснат ако треба и секоја од нив ќе си ја најде својата среќа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се враќаше кон заборавеното годишно време на својата среќа, кон италијанската пролет за која Татко не знаеше...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, во својата умна стратегија која Мајка ја спроведуваше со голем усет и со умеење, претпоставувал дека Мајка и натаму ќе биде подвижна, во својата среќа да стигнува насекаде за да го обединува семејството низ неговите нови разграноци, колку и да беше тоа распр­снато на двете страни од реката, во градот од крајот на нашиот егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А ние децата, и натаму во нашите соништа трагавме по можниот пристан на нашиот загубен чун, кога стариот капетан му се враќаше на вечното Езеро, трагавме по можноста да го пронајдеме патот на јагулите, да стасаме до Америка пред нив или по нив. Секој со својата среќа
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Затоа зашто никогаш не ги почитував оние жени кои лесно и без многу размислувања, значи без причина или заради беззначајни причини го напуштаа својот дом и својата среќа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но кога таа ми објасни дека не можела да поднесе да биде жена на човек кој станал кодош, слуга и полицаец на туѓинска држава, каков што беше и оној кај нас Црн Киро, не можев а да не ја оправдам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Сестра ти отрчала во Софија по својата среќа, и ништо повеќе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Е, а тоа претпладне, кога дотрча кај мене Рајна за да се пофали со својата среќа, убаво го ислушав сè она што ми го изнаприкажа, дури и двапати плеснав со рацете; се правев дека сум многу изненадена; а и зошто некому да му брцаме со прст во радоста; и, се разбира, и понудив стол да седне: „Господи“, реков, „Рајно, ние ломотиме а стоиме, поубаво се густира разговорот додека се седи“, реков, и речиси ја поттурнав за да седне на столот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Создавачи на својата среќа, духовните задоволства и сопственото наследство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но секој со својата среќа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не ја криеше својата среќа што тој продолжуваше да ги преведува книгите од мојата балканска сага за време на неговите дипломатски мисии во Македонија, во Албанија, во Франција... 31 октомври 2000 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)