свој (прид.) - состојба (имн.)

„Треба да се вратиме на изворите”, денес повеќе од кога било, во пароксизмот и конвулзиите на својата состојба, врескаат мажевните народњачки узурпатори на традицијата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Поистоветен со Едното, како политичка пракса и државен амблем на таа своја состојба, со поразот на тоа Едно губи целиот народ - БИДЕЈЌИ НЕ ДОЗВОЛИЛ ПОЛИТИЧКО КОНСТИТУИРАЊЕ НА СВОИТЕ ОПШТЕСТВЕНИ ПРОТИВРЕЧНОСТИ.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Најпосле, оваа пациентка дава толку јасен и продлабочен опис на својата состојба со „секојдневен” јазик, како малкумина други што ги знам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сето тоа не претставува проблем за било кого сè додека таквите личности функционираат, а многумина луѓе, длабоко несреќни, живеат и понатаму, не вознемирувајќи ги со својата состојба другите луѓе.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дури тогаш кога ќе решат нешто да преземат, се придвижуваат одредени операции во општествово.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Да, како театар. Оние кои би сфатиле дека таа реагира погрешно, од тоа сознание би доживеале нешто како катарза, што би можело да им помогне да излезат од својата состојба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во едно писмо од 21 април 1889, Винсент ван Гог, сосема свесен за својата состојба, му пишува на својот брат Тео: “Денес ги сметав сите твои добрини кон мене поголеми од кога и да било, не можам да го искажам она што чувствувам, но те уверувам дека таа добрина беше од вистински ков и ако ти не ги гледаш нејзините резултати, мил брате, не тагувај поради тоа, твојата добрина ќе ти остане…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќе бидам многу задоволен ако добијам некакви новости за тоа што мислиш ти за мајка ни и за сестра ни и дали тие се добри; речи им да го прифатат ова што се случува со мене како нешто поради што не треба да бидат премногу тажни, зашто јас сум релативно несреќен, но ете, можеби и покрај тоа, имам пред себе уште многу скоро обични години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа не се однесува на вас, вие сте во одлична состојба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Извештаченоста е онаа чудна состојба на душата во која свеста штотуку прогледува, како што тоа го кажува Гомбрович, увидувајќи го лицемерството на својата состојба, и кое се состои во создавањето на еден вештачки двојник, во правењето еден вештачки автомат на својата сопствена суштина, што значи во понадворешнувањето на себеси како друг, со милоста на знаците.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
(...) Не станува збор за совет човекот да ја симне маската (кога зад таа маска нема никакво лице); од него може да се бара да стане свесен за преправањето во својата состојба и да го признае тоа. Дека сум осуден на преправање...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)