свој (прид.) - склоност (имн.)

Неговата должност - началник на морнарицата, не му пречеше да ја задоволува својата склоност кон литературата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таквите, со својата склоност за прегласна врева, му беа одбивни иако одбиваше да признае дека е тоа знак за стареење.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Говореше со многу почит и со чувство за својот покоен шеф кој ѝ овозможил убаво работно место со можности за вонредни приходи, благодарение на што можела не само покомотно да живее туку и да ги одржува и развива своите склоности кон убаво облекување, накит и поскапи парфеми.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)