свој (прид.) - сигурност (имн.)

По навлегувањето на германските војски, сите акредитирани странски новинари, заради својата сигурност, биле принудени да го напуштат Кралството Југославија и да заминат во соседните земји.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со тоа, во периодот од 6 до 10 април 1941 година, и поради прекинувањето на телекомуникациската мрежа, Кралството Југославија била отсечена од надворешниот свет.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
-Ајде да им се приближиме! – храбро понесен од својата сигурност во себе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Својата колебливост ја пренесува на оние што се најблиску до него, не одбирајќи дали му се пријатели или не – зборуваше старецот. – На тој начин ја проверува својата сигурност пред другите, не водејќи сметка како тоа ќе влијае на нив, затоа ти велам, дека е штетен.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)