свој (прид.) - рамнодушност (имн.)

Оние петнаесет години колку што беа во брак му ја уби душата со својата рамнодушност кон него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Откако ќе ја прими, ќе биде ли подготвен со својата рамнодушност уште да ја прима доблеста, да ја намами кон себе, со помош на онаа, што веќе еднаш ја примил?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ги слушаше предавањата, одеше на вежбите, ги даваше испитите; спореше со колегите за професорите, се дружеше со колешките по струка, дискутираше со демонстрантите за нејаснотиите; навлегуваше во одделни предмети, обидувајќи се да ја замени својата рамнодушност барем со заинтересираност ако не со вљубеност.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ниту трошка милост, ниту капка топлина, дури ни во првите месеци, кога сè уште живееја во неговиот малечок стан блиску до пристаништето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Веројатно ова празно време ве штипнало со својата рамнодушност.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Се оддели од железната ограда и полека потече со луѓето зачуден на својата рамнодушност за сите жени на светот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)