свој (прид.) - радост (имн.)

Ако е божји, ако е бог тој што ме поучува да го осакатам убавото што го создал за своја радост, за радост на создаденото и за радост и среќа на ближните, тогаш бог не е никаква сила туку е некој на кого треба да му се помога. Друго нема.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со солзи радосници измачените маси ја искажуваа својата радост и возбуда и, прегрнувајќи се, изговараа возбудено: - Се врати Захаријадис!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се молеше Бојана и се заколнуваше со тешки мајчини солзи, неумолива во својата преголема болка за толку рано однесениот маж и непоколеблива во своето решение да го запази синот, својата радост, својот нов живот, да го запази од сите патила што ги носи печалбарскиот живот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Негде длабоко во Сашка како да се истркала нешто, што нејасно ја задржуваше, да си ја изживее својата радост до крај, слободно, целосно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но тој не сакаше да го прекинува својот пријател, кој немаше пред кого да ја искажува својата радост понесен од своите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И додека Татко со восхит и занес ги догледуваше подарените книги, Климент Камилски ја покажуваше својата радост што подарените книги ќе се најдат во вистински раце.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во својата постела, во која сега почнуваше да го обраснува неусетно миризбата на сонот, тој сосема добро ја сети својата радост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но Доце Срменков, како што се чуло, веќе испратил стројнички, три трудни жени во црно, да ја молат Фиданка Кукникова да ткае и да везе женска кошула - млада е, убава е, свадбата ќе се памети.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Умирал во својата радост и израснувал од самиот себе нов и силен; на неговата подмладена крв и сонцето можело да се испече.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Рашири нозе, се потпре на дебелиот стап и со гаврење во гласот, ја праша: - Од каде вака, жено?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Брза зашто сонцето се навали над високата плаиина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Па тоа се два-три грста зрна што ги истрив од класјето во стрништето...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таа својата радост ја плати со вечно тагување, приврзаноста - со исчекување и страдање. И, ете, сега го загуби и синот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тажно е да зборуваш осамен во мракот за своите радости однесени.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
А тој, Арсо, се виткаше и мафташе со шишето понесен од некоја своја радост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јас лично имам свои радости и свои тешкотии; не сум спремен да трчам по туѓите несреќи“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сакаше вистински да им ја пренесе својата радост на водите, на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не знаел како да ја изрази својата радост, за да биде забележана од сите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Стариот се смеел... Не знаел како да ја изрази својата радост.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)