свој (прид.) - приврзаност (имн.)

Но кога, поради својата приврзаност кон Октомвриската револуција и СССР, ќе настрада како жртва на Информбирото, ќе одлежи четири години затвор и потоа ќе добие некаква маргинална служба, многу ниска со оглед на неговите несомнени научни и револуционерни заслуги, и покрај опасностите повторно да настрада доколку беа откриени неговите западни книги, ставени под индекс од тогашните сталинистички идеолози, Климент Камилски продолжи уште поангажирано да собира нови и таинствени книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие биле сосема свесни дека комунистите, кога-тогаш, ќе ја манифестираат својата приврзаност кој СССР, пред сè од идеолошки причини.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во една прилика, зборувајќи за руската литература, ја истакнавте својата приврзаност кон писателите на Иронијата и на веселата разборитост, како Гогољ, Булгаков, Војнович.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој имаше обичај, кога сакаше да ја покаже својата приврзаност, со својата брада да ѝ го буцка грлото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тогашната Комунистичка партија на Албанија, макар приклештена од Комунистичката пар­тија на СССР, на почетокот, во 1944 година ќе ја потвр­ди и својата приврзаност и кон другите големи Сојузници.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И затоа не би требало да биде изненадување тоа што британскиот фелдмаршал Сматс, во упатеното писмо до Черчил, ќе нагласи дека и покрај нивната помош на Тито, НОВ и ПО на Југославија не се однесувале лојално и дури сосема бил во право кога сметал дека Титовата "супремација во Југославија" ќе им наштети на британските интереси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)