свој (прид.) - потомок (имн.)

Но тие беа одамна помирени со судбините, нивна единствена грижа беше како да им помогнат на своите потомци да го разберат Балканот и подготвени да живеат во него без омраза.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Истиот тој немал свои потомци, или поточно имал, но тоа во вториот дел од приказната.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Оваа приказна ноелемакот обично ја раскажуваше на своите потомци, и служеше за пример како не треба да се постапува.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Дали никој од оштетените луѓе не беше слушнал за формален документ или едноставно сакаа да ги инвестираат емоциите во нов Тито, наместо во своите потомци кои набрзо стануваа огромен товар, беше бизарно да се размислува.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Кога помислуваше на иднината на своите потомци на Балканот, најмногу страхуваше од експлозиите поради повеќеверството.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Последната генерација која успеа да мине непречено од Езерото низ реката, до морето и океанот, пред да се затвори реката, се врати низ своите потомци и запре пред вистински, нов балкански ѕид.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сталин сигурно ќе остави многу свои потомци...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Пораката на Цветан Горски требаше да се влее како пресуден елемент во татковата стратегија како да го продолжи патот на егзилот, откако ја напушти родната куќа, со надеж еден ден да ѝ се врати сам или преку своите потомци...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На пример, кога една комерцијална организација отвора нова гранка во некој друг град, таа праќа таму свои луѓе за да го одржат континуитетот, во однос на неформалните како и на формалните правила и рутини, кои на тој начин се реплицираат и организацијата го “раѓа” својот потомок. (...) Така, во согласност со двете линии на моето излагање - само-организацијата на експресивните знаци и еволуцијата на институциите преку рутини и репликација на правилата, може да се изведе заклучокот дека нашите домови им се слични на териториите на птиците - многу повеќе отколку во метафорична смисла. (...) Она што може да се заклучи на крајот, е дека еден ист процес (или поточно различни процеси во кои е вградена иста апстрактна машина) е тој што резултира во ентитети толку различни како што се човечките хиерархии, телата на животинските видови, дури и карпите - сите тие се структури во кои се обединети хомогени елементи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)