свој (прид.) - одраз (имн.)

Соперништвото на врвот на овие најважни организации кои одлучувале за воената и политичката стратегија свој одраз имало во: - Поттикнување на што поуспешен отпор во Југоисточна Европа и Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На пластичните мршојадци што го прилепуваат својот одраз врз моминскиот лик.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Исто така, политичките превирања кои се случувале во Рим во време на граѓанските војни (49-42 г.пне.) имале и свој одраз на територијата на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Секому од нив му изгледаше дека другиот е свој одраз во криво огледало. Сега во се личеа еден на друг.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Месечината не ги видела, во својот одраз се вргалела.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Од веднење над водата речиси премалена.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Дали тој моќен, примамлив свет од кој нештата не можат да и го одделат погледот (како обземениот Нарцис од својот одраз во водата), ќе го наречеме чудо, фантазија или постоење?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Може да си го дозволи тоа, зашто геј-мажите, за разлика од жените, никогаш не се во опасност докрај да бидат сведени на својата општествена обележаност и позиционираност како женствени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа што машката геј-култура истовремено ја прифаќа и иронично ја обратува абјектната општествена позиционираност на жените може да биде полезно за да се објаснат некои упорни недоразбирања меѓу геј-мажите и феминистките, како и да се објасни гласот што ја бие машката геј-култура дека е мизогина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Заземајќи ги, при што иронично ги редефинира, општествените улоги и значења што традиционално им се припишуваат на жените, машката геј-култура дава една својствена, иманентна општествена критика и создава карактеристичен, но препознатлив, облик на политички отпор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека се обидува да ја издигне положбата на жените, да ги препретстави како достоинствени, сериозни, јуначни, авторитативни, способни, даровити, љубовни, заштитнички и, воопшто, подобри од мажите – со други зборови, далеку од тоа дека се обидува да шири позитивна слика за жените – традиционално машката геј-култура доследно ужива во претераните, гротескни, извештачени, недостоинствени, одвратни, абјектни прикажувања на женственоста и во нив го бара својот одраз.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нема да дознае дека кога повторно го закачив на ѕидот, наместо својот одраз ја видов неа. Беше прекрасна.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Како: се наведнувам и од лавабото полно со вода го вадам со составени дланки својот одраз, кој набрзо истекува меѓу прстите.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ова има свој одраз во многуте современи теоретски размислувања за јавниот простор, каде градовите остануваат во фокусот на анализата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Од најраното значење на поимот кое датира од античка Грција, јавниот простор речиси секогаш е урбан простор.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)