свој (прид.) - одговор (имн.)

Уште утредента Андон го измени својот одговор пред Мефаила.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во својот одговор Тито ќе истакне дека бригадата е формирана од бегалци од Грција кои ја преминале границата за да го избегнат угнетувањето.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Капетанот Еванс во својот одговор го препратил да побара помош од британските воени мисии кои се наоѓале на “југословенска територија“.332 Во почетокот на април капетанот Патрик Еванс престојувал во реонот на Преспа.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во својот одговор до Форин Офис на 29 јануари 1945 година Маклн ќе го нагласи Титовото уверување за неактуелноста на идејата за формирање на федерација со Бугарија или со некој од нејзините соседи, а исто така дека Југославија немала намера да приспојува територии од Грција или Бугарија “пред одржувањето на мировната конференција“ каде што Југославија би ги поставила своите барања.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Треба да се прочитаат романите на Достоевски. Секој нуди свој одговор.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И неговите прашања си ги слушам како свој одговор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И самиот беше изненаден од решителноста на својот одговор.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
На Хундертвасеровиот текст одговори Виланд Шмид. Во својот одговор на Шмид, Хундертвасер укажува на последиците од етаблирањето на авангардата: „Јас сум сам.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
XI Кога најмногу претпоставував дека ќе го предизвикам и задржам интересот на Елен Лејбовиц за темата на која ме поттикнуваше да ѝ пишувам толку многу, таа ме изненадуваше со својот одговор, пишувајќи ми за нешто друго, трето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Така со време, не ги собра ами ги одбра, покарактеристичните случаи од тие свои одговори и ги објави во одделна книшка што наиде на широк прием кај читателите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Татенцето сигурно не очекуваше ваков одговор, колку отпосле разбравме лудост бил секаков одговор, татенцето не претпочиташе неговите потчинети да имаат свој одговор.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Воденичарот го наслушнуваше шумот на надојдената вода и ги поврзуваше своите одговори со поранешните мисли за војната.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа е парадигма на современиот капитализам, која допрва ги чека своите одговори и која нужно не е цел на овој проект, иако низ него таа, на една релативно чиста општествено- економска заднина, може полесно да се воочи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
-Да – одговори Еразмо, сигурен во точноста на својот одговор.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
– Животните, кога им се ближи смртта – рекол тогаш Чанга – ја бараат темнината. – Не ја знам причината – се сеќава татко ми на својот одговор – но човек кога му се ближи смртта, бара светлина, уште зрачец, небаре за да понесе светлина во темнината, во смртта! – Зошто ли е така? – бил упорен Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)