свој (прид.) - нога (имн.)

„Линијата што ја исцртувам со своите нозе за да стигнам до музејот, е поважна од линиите кои ги гледам на сликите изложени во музејот“, пишува Хундертвасер, а на крајот од манифестот ја испишува реченицата „рамната линија го води човештвото во пропаст“ на германски и француски јазик. Margina #19-20 [1995] | okno.mk 127 За разлика од рамната линија, „која води во пропаст“, спиралата е „органска“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Немаше ли друга рабата таа вештерка со коса над главата, освен да го забоде шилецот од своето сечило токму среде челото на неговиот Нако, токму кога влегуваше во живот - кога завршуваше со школувањето, кога љубовта ја овенчуваше со брак, кога се испилуваше да застане на свои нозе како маж, како сликар, како човек?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Метнати на родителите, уште назастанати на свои нозе, се испоженија, се испомажија, со првите љубови со кои се судрија на стартот од животниот пат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ве гледам: здрав, прав, на свои нозе застанат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Гого и жена му го запознаа девојчето кога дојде синот дома да си ги собере пљачките, а после останаа да се тешат: Гого наоѓаше оправдување за неговиот наврапит (по него) и непромислен (по неа) чекор, во тоа што детето, односно човекот, сака веќе да се осамостои, да застане на свои нозе и да заснова свој дом, па и да се оттргне од влијанието на таткото како сликар и просто да излезе од сенката на неговиот авторитет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Елена седна. Ја поткрена главата на кучката и ја положи врз својата нога.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Татко ѝ на баба Севда, тогаш уште беше човек кој добро се држеше на своите нозе за да му треба патерица, но ја имаше земено зашто во тоа време овде, по овие села, таква беше модата, луѓето од средни години натаму да одат на гости со патерица и во преплатата од џамаданот да имаат бројници со чие броење ќе си го одржуваат ритмот на достоинственоста на разговорот со домаќините.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој се движеше низ сите тие нешта како „заспан возач”, управувајќи со природноста на месечарите кои ги користат своите нозе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Човекот ги фрли веслата и со сила се фати за своите нозе под колениците.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од тогаш ме болат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
-Како да го разберам соединувањето со природата? – праша Еразмо, протегнувајќи го своите нозе врз мекиот килим од зелената трева.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ирена се облече соодветно за вечерна прошетка и со желба да ги раздвижи своите нозе, да се измори што е можно повеќе, како би му дозволила на сонот полесно да ја совлада.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сара и јас понекогаш зборувавме за мајчинството, и еднаш Сара ми рече: „Докторите ми велат дека мојата болест нема да ми попречи да станам мајка,“ и помина со рацете по металот околу своите нозе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара секогаш зборуваше за мајчинството како за нешто што им се случува на другите, како нешто во што може и треба да помогне, ако некоја мајка се нашла во невоља.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не можела да ја остави само својата нога ни таа огромна приклештена мечка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со своите нозе, со своите раце, со оние свои темно привпламнати лица, тие луѓе го правеа ова, коешто за него веќе долго и докрај беше еднаш засекогаш загубено и недостижно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога би била запната цврсто за некое неподвижно стебло, таа стапица, фатената дивинка секогаш ќе можела за сметка на својата несреќа да си ја остави само половината од својата нога меѓу острите железа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше најстрашно што во продолжение на целата година пред оној ден, јас, некаде потајно од себе, се ребрев постојано од нешто такво, дека не сакав да се обѕрнам наоколу, само за да не откријам нешто такво, да не ме убие нешто такво, зашто нема ништо покревко од она, кога човек ќе потера кон една страна со сите свои дамари, полетал натаму, нема ништо покревко од него тогаш, кога ќе погледне во своите нозе и кога ќе види дека коренот му е - разјаден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А оној, и кога беше буден, постојано гледаше во своите нозе и никого не забележуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стоеше сега таа на повеќе од двесте метра од него, со неговото јарче во своите нозе, сета двоумење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпосле со бавни, пресметани движења со по една рака, тој го сопаша својот долг појас, а потоа почна со него да се испреплеткува себеси за сите околни гранки, оставајќи се речиси спружен врз чаталите на старата бука, изврзувајќи ја својата половина, своите нозе и своите надлактици исто онака, како што може да биде врзано сѐ друго, само не своето тело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еднаш во своите нозе пронајде и едно прекршено стапче на сува и сосема излинеана волча опашка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го побара околу себе и го најде. И сега лежеше тука, здола, со трите свои нозе подвиткани под себе и со едната останата назад; лежеше постојано со муцката дигната нагоре, а гладот продолжуваше да му чади погано од неговите очи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа тој не можеше да не ја прими и како предизвик кон себе, таа длабока дира во своите нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јон се препка, на своите нозе се препка и го завлекува и Мисајлета.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тие бегаат колку што ги носат нозете. И уште побрзо. И пред своите нозе бегаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чекаа да заврши ловот, чекаа да го видат пред своите нозе Мечкојадовиот труп или да го продолжат патот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Многу помалку од половина во дружината имаа по две волиња, некои од нив немаа со што да ги заситат. Но не мислеа на тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Родилките ги турнаа топлите ќебиња кон своите нозе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се пикна под топлата јамболија, симнувајќи ги само мартинките од своите нозе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој болничар гледаше пред своите нозе и се насмевнуваше, се бореше да не биде откриен како човек што се движи и чини нешто без сопствена и длабока увереност. „Тој се смета за нов Исус и говори дека некој старец се разбудил со козји рогови на челото.“ „Докторе“, се насмевна Отец Симеон. „Можеме ли да разговараме без овие двајца величествени претставници на науката?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се напрега да догледа нешто под себе, под своите нозе издолжени како на обесен човек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мислеше дека не ќе го дочека денот покрај празното шише под своите нозе, но го дочека млак и отечен, со многу гребаници на кожата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Вие двете, смрдли светски, чудо сте невидено, вие сте пичка и пол,“ им велеше Андон, а тие се кикотеа и велеа „Ние сме две пички по пичка и пол, а ти си само едно куре,” и пак се кикотеа и, божем да му покажат кои се и што се, се лизнаа една на друга (испотени, тоа го направија лесно), Азра легна на креветот грбечки, Лилица помешечки легна над неа, но од спротивната страна на нејзиното лице ѝ ја пикна главата меѓу нозете и започна да ја лиже, чувствувајќи го истото меѓу своите нозе, подземајќи го тврдото и разиграно јазиче на Азра која, лежејќи под неа пак во најдолниот дел од отворот ѝ ги спушти средниот прст и показалецот до најдлабокото, при што Андон (за да им покаже кој е и што е) беше веќе качен над Лилица, со свиткани коленици по страните и со силен крик на страст заривајќи ја машкоста меѓу нејзиниот широко отворен задник, ѝ го полнеше анусот со сперма, пцуејќи ја, гмечејќи ѝ ги рамениците и гризејќи ја по плешките.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Минуваа години од Татковото заминување. Само Мајка знаеше како ја совладуваше самотијата во сите нејзини нијанси, останувајќи постојано свежа, на свои нозе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Шарениот палјачо седеше во аголот на собата и гледаше во празнината на својата нога.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Погледувам надолу и не можам да ги здогледам своите нозе, толку се далеку што ми се измолкнуваат од погледот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но, кога утредента децата од сета зграда дојдоа под шарената елка, видоа дека големиот Дедо Мраз од чоколадо ја нема својата нога!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Искуството кое го стекнавме е непроценливо, но, од друга страна, Маргина е многу далеку од фамозното “застанување на свои нозе”, и тоа е можеби она што на приказнава најмногу ѝ дава горчлив тон.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во еден жесток зафат со забите волкот се нафрли на својата нога фатена во стапица, скрцка коската ја одгриза и ја – фрли.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)