свој (прид.) - нерв (имн.)

Внесен со години, со својот нерв на автодидакт во миграторските движења на птиците и рибите од Езерото, градеше своја излезна дијалектичка игра.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Еднаш ќе умрам под олтар, мислеше тогаш ловејќи негрижа кикот во секој свој нерв.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ако бегаше. И ако чекаше? И во исто време со сѐ што стануваше околу него, со нејасните настани, разгранети од прашањето - да чекам или? - во него раснеа слики зашто сега мислеше со својот пулс со секој свој нерв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)