свој (прид.) - немоќ (имн.)

Мирон Донски, виде не виде, бесот за својата немоќ да го сопре патот на орденот, го истураше врз својот заменик Псалтир Палигоров, а тие пак, обајцата, врз Татко. Едниот повеќе, другиот помалку.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
365 Британскиот политички врв бил свесен за својата немоќ да стори нешто во однос на преговорите за југословенско-бугарска федерација, пред сé поради фактот што сето тоа се одвивало надвор од британскиот дофат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Оценката на Тито за неавторитативното дејствување на Апостолски во Македонија, што им ја предочил на шефовите на британската и американската воена мисија, во тој момент може да се разбере само како чин со кој Тито настојувал да ја оправда својата немоќ во однос на контролата на настаните во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Мораше на крајот да му ја признае својата немоќ и на Татко, кого го очекуваше со нетрпение на последната битка во библиотеката...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
LIX Татко го затекна својот пријател Камилски во својата библиотека тажен, наведнат над своите речници, во потрага по последните турски заемки од речниците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Очињата им се оѕверија, се затаија во себе како мачки пред да рипнат на жртвата, но истовремено сфаќајќи ја својата немоќ и се оладија.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој свет беше далеку, не само како нестварен, туку далеку од моќта на Ема да го доживее како таков и да се вживее во него, и затоа таа, свесна барем за својата немоќ да направи било што друго, се обидуваше да го грабне она што ѝ беше на дофат. Јас бев нејзината жртва.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Токму кога мислиш дека знаеш сè, повторно те изненадуваат со својата немоќ да бидат објективни и со својата агресивност токму кон оние што навистина сакаат да им помогнат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На стариот Језекил никој не можеше да му ја прости неговата слабост, разбирање за својата немоќ тој не можеше да се надева дека ќе најде во ничии очи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште еднаш се увери во својата немоќ да му се спротивстави, да го оневозможи да дејствува другиот во него.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Омаен сум од намерата на цутот да те одреди за свој двојник или само за тивок гласник на својата немоќ.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Татко ми тогаш замислено продолжил: – Човекот со мислата за смртта всушност ја изразува својата немоќ.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој се пренесе за миг на некоја од неза­пишаните страница на својата Историја на Балканот низ падовите на империите, за да си го постави прашањето на коешто, подоцна, имаше намера да му посвети едно цело поглавје во книгата – зошто Балканците, кога не се начи­сто со историјата, со нејзината моќ да ги совладува, и во својата немоќ да ѝ се спротивставуваат, лесно им се пре­пуш­таат на легендите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)