свој (прид.) - маска (имн.)

Откажи се барем за една ноќ од својата маска на сериозност.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Та таа ќе има свој дом, таа ќе има свој маж кој секој ден ќе биде при неа, таа ќе има свое домаќинство, свои маски, волови, овци, кози, свои ниви, амбар со жито, каци со маст, сирење, сланина, та што ли не ќе има!?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поп Ристе ја остави дома поповската шапка, тури црвен фес на главата, се наметна со ќулката од сакмата; и тој ја јавна својата маска и го фати Топли Дол, та не оди ни саат, дотрча до турските шатори под Маково во ливадите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Познавав луѓе кои зад својот лик сокриваа кловнови и познавав кловнови кои зад својата маска сокриваа луѓе говореше Август Рицман и јас мислев дека е така и не знаев дали ги познавам и едните и другите или некои поинакви.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И работата се разбра! Комитите утре ќе денуваат на Маргара! — Тоа се барат од вас, бре синко!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Премногу е доцна. Одамна ми срасна за лицето.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)