свој (прид.) - култура (имн.)

Промислените Јапонци се загрижени поради потребата од слободоумни во својата култура на послушни.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Повеќето други општествени групи – било малцинските групи како што се Афроамериканците, било мнозинските групи, како што се Американците без предзнак – се иницираат во своите култури и дома и на училиште, како и преку телевизијата и преку филмовите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И покрај постојаната политичка борба во Сенатот, секојдневните подлости на политичките соперници, тој во Политиката го наоѓаше сублимирано токму разнообразното задоволство на својата култура во која трговијата, измамата, вештиот збор беа и опстанокот и уметност.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Родителите и децата не ги учат децата како да бидат геј онака како што ги учат да бидат Американци. (Иако понекогаш децата ги учат како да бидат стрејт на начини што толку силно им се удираат од глава што слободно може да се каже дека, всушност, ги учат децата како да бидат геј).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Станувањето геј е таинствено бидејќи – за разлика од станувањето Американец – не се одвива преку примарна социјализација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повоената генерација сега ја презема работата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но, тие се склони погрешно да ги препознаваат или да ги одрекуваат видовите на културни практики во кои се впуштаат и ефектите што ги предизвикуваат тие културни практики.357 Хетеросексуалците обично не си велат себеси дека, кога гледаат филм како Титаник, всушност, се дале на иницијација во културата на хетеросексуалноста, на воведување во една многу конкретна идеологија за романтичната љубов како извор на спасение и во буквално катастрофален модел на женствениот родов идентитет како некаква несреќна состојба од која треба спас („ме спаси, во секоја смисла во која може да се спаси човек“).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од друга страна, културите што го немаат трауматичното искуство на средба со други, различни култури, не се идентификуваат себеси како одредена култура, туку својата култура едноставно ја проектираат како модел за целото човештво и за сите други култури. 136 okno.mk Токму во оваа смисла, одредени култури се воспоставиле како доминантни во однос на други.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)