свој (прид.) - колено (имн.)

Дофрли дрвце во огнот, со стапчето што го имаше допрено на своето колено ги подбра недогорените дрвца.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа ја отвора книгата врз своите колена...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Овдека вака, вели, на своите колена си ги колеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледаше низ мрежата на клепките: агентот го дувна пепелот на цигарата од своето колено.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И дали човекот го сеќава растењето на своите коленца?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кадијата седна со скрстени нозе на меката постела и ги зеде двете кадани што беа до него, таа што му висеше на вратот и онаа што му ја бушавеше косата, и ги кладе на своите колена и како деца почна да ги лула, а кон другите извика: – Фатиме, Халиле, Ремзие, Мерсиме, Атиџе, Мамуре, харфата и дајрињата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ги прегрна своите колена и почна да се клати на своите петици.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Какво е тоа чувство?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)