свој (прид.) - кожа (имн.)

Татко ми на своја кожа почувствува колку е трагична историјата, кога животот е испресечен со граници, селид­би, војни и делби.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но обопштувањата се едно, а друго е на своја кожа, на кожата на еден предок на Никола Поцо, уште и учен и чувствителен, да го сетиш подбивот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во жестокоста на бугарската офанзива против единиците на НОВ и ПО на Македонија можел лично да се увери и да ја осети на своја кожа и шефот на британската воена мисија Conserve.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Се чувствуваш добро во својата кожа?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ако својата кожа не ја ставите на маса, ништо немате.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ја ставив својата кожа на маса, бидејќи, не заборавајте една работа, голема инспирација е смртта.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ова не го слушаше само со своите уши туку и со сето свое тело, со сите свои сетила, и со порите на својата кожа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Србија наметнала 6% транзитна такса, така што велешките, и воопшто трговците од Македонија, требале да плаќаат 48% царина за да ги продадат своите кожи на пазарите во Австрија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа го почувствува на своја кожа последниве десет години.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Уште следниот миг тоа можеше да го сети добро врз својата кожа и мечката од другата страна на таа снежна странка; нејзе тој многу добро ѝ го покажа тоа уште со првиот следен истрел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И можел многу често, тој, Змејко, по тоа нивно прикажување, да сети како под својата кожа го носи целиот оној свој некогашен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го сеќаваше дека е тука повеќе од здивот, знаеше дека беше дојдено по тие рубинени сртови најмногу со својата кожа, врз која она беше некаков игрив допир, а за сето време продолжуваше да скита со погледот по сиот рубинен свет крај себе, не испуштајќи ниеден миг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги изнајде и трпките преболености на сите болки во своето отпуштено тело; ги изнајде и сите истрпнати морници по својата кожа, а ја најде и таа лабава апсолутна отпуштеност во сите свои делови, во која не постоеше ни најмалечка желба за да се направи ниедно, ни најмалечко движење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше многу работи за дивите кози. Знаеше како треба да се ловат сите дивинки, но за дивите кози тој сега просто почувствува по својата кожа како му се приближуваат оние волшебните пет минути, што се потребни за тој лов, исто како што е потребна и пушката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И Онисифор Проказник стана од своите кожи и веленца кога до него дојде Осип Сечковски. Плачеше и пцуеше, бараше помош од челникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Трчаа, тие што беа будни, кон своите волиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да се чувствувам убава и среќна во своја кожа. Да не се поистоветувам со никој.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сум почувствувала многу пати на своја кожа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Само на својата кожа ќе осетиш, зошто: „Среќен е оној што умее да сака“, вели Хесе, „и да биде сакан“, велам јас. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кутриот Камилски во својот живот раните на кодоштвото ги осети на своја кожа и длабоко во душата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Воздивна, повика. како да следи друг во својата кожа очекуваше дека ќе ревне.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Најпосле, до каде може да оди самообвинувањето? Може ли човек, како што се вели, да излезе од својата кожа и да биде во нечија друга?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога бев во оваа ситуација, кога видов сешто по болниците, кога осетив на своја кожа…, многу бев иритирана и бесна.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но, од друга страна, несомнено е и тоа дека работниците, на своја кожа, чувствуваат дека законот недоволно ги штити и дека газдите ги третираат онака како што сакаат, а не онака како што е пропишано во законот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
15. Колку и да се склукаш со историја Не можеш да избегаш од сегашноста Беше рекол некој умен И јас му верувам Оти на своја кожа знам Дека колку и да се клукам со еукалиптус Не можам да избегам од соништата А сегашноста се полни со стари соништа Ѓоа надградени и надополнети И по секоја преродба се прогласува нова преродба Во долината на среќно преродените Никнуваат нови цркви и џамии Со ниет да бидат уште постари од најстарите На сека ритка никнуваат и големи крстови Колку крстови толку неразгатнати крстосници Никнуваат богами и нови затвори За затвореници колај работа ќе се најдат и фазла При толку бујна стварност Поетите цапаат во Петреви Вирови Колку поети толку друштва на мртви поети Сега секоја суша вели дека животот е некаде другаде Што впрочем се гледа и од брановите нови доселеници Макар што во последно време другаде не им е Австралија ами Италија Каде што се преселуваат цели села од долината на Радика И таму си формираат нови населби со роднокрајните имиња Сега засега не се чуло ни разбрало Како стојат таму со цркви џамии и настава по веронаука Но мене ме загрижува тоа што ако тој пат го фатат иселениците Нема да има кој да се доселува во Австралија А без новите доселенички приказни од Цапари Животот тука би бил ептен здодевен Како што е здодевно тука летно време Кога децата на доселениците одат во стар крај Да научат троа од мајчиниот јазик А како бонус им доаѓа што ќе научат Како се поставуваат светски рекорди во брзо донесување закони А тоа воопшто не е како олимписка трка во брзо одење Зашто таму каде што има брзо ломотење нема брзо одење
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Но, тој не го спозна социјал-комунизмот одвнатре и на своја кожа како Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
1. Да пловиш или леташ Исто е, штом си вон од себе, Излезен од својата кожа, ум, Ако си небесен друм, Упатен кон Севишниот дух И ти дух си, невидлив, молчелив Делче од бескрајот од етерот Од ветерот кој те носи, носи, Тогаш што си? Небитие?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Но не сум јас единствената што бележи на својата кожа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И животот бележи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако заплачеш за нас заплачи, ако се молиш за нас помоли се, ако простуваш прости ни на двајцата, ако сонуваш сонувај не заедно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И кога ќе ја осетиш на својата кожа болката и неверството, јас ќе бидам единствената на која ќе помислиш кога ќе ги затвориш очите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се шетавме по старите гранитни плочки на чаршијата меѓу многуте луѓе и, признавам, се чувствував добро во својата кожа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)