свој (прид.) - кариера (имн.)

Гронинг својата кариера ја започна како анонимен илустратор во доцните 70- ти.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тој својата кариера долго време ја градеше во неокомунистичката партија и беше верен слуга на Џони Вокер и на Ѓаволот се разбира.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Бидејќи вечно барал едно топло тело кое би му “пасувало”, уште од самиот почеток на својата кариера тој бил опседнат со телесноста, испробувајќи различни тела, животински и човечки, женски и машки, или идентификувајќи се со нив на еден протејски начин во своите дела.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И како што кажа, „Односот меѓу подучувањето и учењето мора постојано да биде отворен и подложен на обратност“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојс никогаш не успеал во потполност да најде соодветен однос кон телото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Распространето е верувањето дека Бети Дејвис била големата садистка на платното, исто како што Џоан Крафорд била големата мазохистка на платното.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури и да не е Дејвис нужно садист во голем број од нејзините улоги на платното, нејзините ликови честопати недвосмислено уживаат во победоносноста, во расфрлањето со моќ и со авторитет, во пркосот против општествените конвенции и во терањето по свое дури и, па и особено, по цена на туѓото страдање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Каква тоа инаква слика за геј-културата ќе произлезеше?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа верување ги одразува карактерните типови што и двете глумици ги играле извонредно, особено во втората половина на своите кариери, а делумно зависи и од спектакуларната поделба на улогите во единствениот филм во кој играле една наспроти друга, во Што стана со Бејби Џејн? (1962 година), каде што Бети Дејвис дури и ја заточува Џоан Крафорд, буквално ја држи врзана и ѝ тутка крпа во устата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но никогаш во својата кариера која сега веќе опфаќа четириесет години, овој уметник не ги маскирал своите намери и не нѐ мамел во врска со својата мотивација.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Вистинското име му еYitzroch Loi- za Grossberg.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговата неприкосновена искреност, за добро и за зло, го покрива целото негово дело и ги прави достоинствени дури и неговите најголеми гафови. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 235 Риверс никогаш не е помалку од потполно вклучен во задачата што си ја поставил: да го украси своето доделено место во историјата на уметноста со толку многу незауздано изобилство колку што самиот може да поднесе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Риверс е роден во 1923 година, во Бронкс, Њујорк.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ете, овде брачниот пар Павловиќ (автори на сценариото за популарните ТВ-серии Бољи живот, Среќни луѓе) одлучија да ја започнат својата кариера на успешни ТВ сценаристи.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Не е проверено, ама се зборува дека кога во раните осумдесети на врвот од својата кариера држела концерт во Спортската сала во Битола, кроткиот македонски народец желен да ја види искршил два-три џама на ова спортско здание.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Беспрекорната трудољубивост ѝ овозможи бргу да напредува во својата кариера.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја започнува својата кариера во Милано како новинар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во неговите романи и раскази, втемелени врз богата имагинација, има елементи на иронија и гротеска.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа знаела. Цел живот се подготвувала за својата кариера.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Што можам понатаму. Да ја гледам својата кариера.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Така ја започна својата кариера жетварот Стале Чешелков и од ден на ден ја зацврснуваше, ставајќи во очите на дедо Арсенија се поголем, се почесен, повреден и попредан на манастирското и калуѓерското дело.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во текот на целата своја кариера, Алфред Хичкок покажуваше потреба да се заштити од актерите, продуцентите, техничарите, бидејќи и најмалата слабост или најмалиот каприц на еден од нив можеше да го донесе во опасност интегритетот на филмот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но, набљудувајќи ја Хичкоковата работа, забележуваме дека во текот на целата своја кариера тој се обидуваше да прави филмови во кои секој момент ќе биде привилегиран момент, филмови, како што и самиот говореше, без дупки, без дамки.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Секој имаме своја кариера што сме ја избрале или во која случајно сме се нашле.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Приврзаниците на оваа школа потекнуваат од различни таботи: некои од нив пред војната беа федералисти (на пример, Земјоделската партија, додека мнозинството се состои од луѓе што својата кариера ја граделе бранејќи ги автократијата и централизмот на кралот Александар".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според нив, „сите ‘федералисти’ во владата и ‘армијата’ на Михаиловиќ се согласуваат дека Југославија треба да ја задржи династијата Караѓорѓевиќ“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)