свој (прид.) - канцеларија (имн.)

За време на lunch-time во Њујорк војски од организирани луѓе се излеваат од своите канцеларии.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ноќите ги минуваше во својата канцеларија која, покрај службените елементи (биро, фотелја, маса со шест столови за состаноци), беше опремена со кауч и шкаф за облека, со фрижидер и шпорет во малата ниша од која на левата страна се влегуваше во пристојно уреден тоалет, а од десната страна се излегуваше на тераса свртена на југозапад, кон височините на планината.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога Кети почна да го тура кафето, доктор Станеф се сети на белешката што ја остави на вратата од својата канцеларија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Бидејќи беше беќар, живееше во две соби, во задниот дел на својата канцеларија, што личеше на една од оние продавници каде што луѓето одеа да бараат стари списанија и плочи со песни.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Секретарката зазбивтано дотрча од својата канцеларија и немо, без збор, зјапна во парченцата стакло и во дамката од пијалакот на ѕидот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Петар, како што се викаше, имаше своја канцеларија, нешто како свој штаб со неколку гардиски офицери во близина на зградата на секретаријатот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Според систематизацијата на работните места, Авдиќ работеше како референт во комерција задолжен за следење на побарувачката, известување за цените и начинот на дистрибуција на производите на пазарот во главниот град и во Косово и често одеше на службени патувања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Маркетинг службата на „Киро Ќучук“ имаше своја канцеларија во Скопје и стовариште бр. 3 во село Визбегово.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Бил мајстор да ги изнајдува скриените пушки по сите шупливи ѕидови на скривниците, по бунарите, тоа сите му го признавале, но тој сè поретко заборавал на жените, кои често ги „сослушувал“ во својата канцеларија со теренски кревет и со стражар пред вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Британците, од своја страна, како поискусни во субверзивните активности во земјите што биле под окупација, имале на што да ги учат своите американски колеги кога во ноември 1941 година СОИ ја отворил својата канцеларија во Лондон.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И двете служби имале полза од соработката.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Цел живот го помина како аргат. Јас на 26 години имам своја канцеларија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во тој след од постапки на градоначалникот, Беренц препозна блага нервоза и желба за одлагање на средбата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беренц го крена телефонот ја сврте неколкупати рачката на апаратот и на специјалната линија го побара воениот управител на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од друга страна пак, тој и владиката беа два поглавара на островот и во тешките времиња на италијанската окупација беа упатени еден на друг многу повеќе одошто тоа би биле во времињата на слобода и на мир.  Со тие чувствувања, впрочем и се собра овој одбор под иницијатива на локалното свештеништво и на градоначалникот Карер, на оловниот ден што навестуваше скорешен дожд, трпеливо да го чека владиката на закинтското пристаништето.  И додека групата на молот уште немаше видено дека тој наближува, од прозорецот на својата канцеларија појавувањето на бродот на хоризонтот го виде Паул Беренц, началникот на СС единицата на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Затоа по мала пауза молкома ја сменија темата со онаа која се однесуваше на напатствијата што Беренц неодамна ги доби од Берлин и кои, како што веќе е речено, чекаа на брза реализација.  Тие денови од крајот на 1943 година, пушејќи покрај прозорецот, Беренц во својата канцеларија го чекаше градоначалникот Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од прозорецот на својата канцеларија на првиот спрат на командата, Беренц неволно помисли дека на Медитеранот се лачат непотребно многу емоции, припишувајќи го тоа на жешката клима којашто ги создава зовриените средоземни темпераменти.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
По реализацијата на тие итни задачи можеше да го сврти вниманието кон спецификите на ова мало островце.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
– Туку, ајде доста – се обрна кон забитот и беговите – терајте ги во апсаната и само по еднаш леб и вода на ден – и се врати назад во својата канцеларија со Јунуса, Рифата и буљукбашијата да ги распраша понатака како ги совлада, како толку бргу, кој им помогна и друго.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
КОГА СУЉО ПРИСТИГНА пред портата на кадилакот, кадијата веќе беше во својата канцеларија и седеше крај својата работна масичка над ќитапот – единствениот закон по кој ја делеше правдата на сите што идеа пред него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
XXIV В утрини, со новиот ден, како нов човек, Јагулче Дримски, свеж, со свечената облека, со медалот в џеб, рано појде во својата канцеларија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А Сатурн ја заштити болничарката. – Ме известија од осигурителната компанија за автомобили – рече. Раководителот задоволно се сложи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Раководителот лично го прими во својата канцеларија, чиста и уредна како воен брод, и му поднесе срдечен извештај за состојбата на неговата сопруга.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)