свој (прид.) - изглед (имн.)

Нико им ги испеа на Дилан и Брајан двете нови песни кои Лу и Џон ги напишаа за неа - Ill Be Your Mirror и All Tomorrows Parties.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
“Сакате да го опишам својот изглед?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Беше 120 Margina #15-16 [1995] | okno.mk многу забавно да им дозволувам на другите да одговараат наместо мене; така во весниците понекогаш читав интервјуа со мене кои никогаш не сум ги дал, а сето тоа беше правено преку телефон.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пол не беше тип на човек кој би висел пред огледало, но секогаш кога излегу­вавме некаде со Нико, не можеше да не се забележи како фрла поглед во огле­да­лото за да го провери својот изглед.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Го забарикадирале морето од градот, плажата од градот, но за да не се распаѓаат, луѓето на нив засадиле дрвја, така што полека ќе го изгубат својот изглед на дуни.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Спротивно на надворешниот свој изглед, во душата Пискулиев малку се беше изменил од своите матурантски денови, па тоа и овозможи да се создаде меѓу двајцата контакт на врсници.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но дали жените, општо земено, ги бие глас дека се случило нешто катастрофално, дека пропаднал светот, дека човештото не го исполнило целиот свој величествен потенцијал секогаш кога ќе се направи едничка и ненужна естетска грешка?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Изведбата на Копола е апсолутно класично одигрување на жена што видливо „шекнува“ – она што Гордон, можеби, би го опишала како слом и ранливост – а тоа е оддавање почит на пресвртот на ѕвездата од преседанот на Феј Данавеј во Најмила мамичке, кој нѐ научи самата Крафорд да ја третираме како своевидна скица на женската комбинирана гламурозност и абјектност, на занесната екстравагантност и на драматичното, хистерично, беспомошно распаѓање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некои помодни дами се, сигурно, многу ситничави околу својот изглед и околу прашањата на стилот воопшто.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нејзината Крафорд е нарцисоидна, манијачки опседната со својот изглед, иако не е во состојба да си ги скроти движењата и да си ги контролира зовриените немири што ѝ пламнуваат од отмената, спастрена, грижливо градена персона.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дали жените, општо земено, се толку фанатични, како пол, околу точните прашања на естетската форма?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ликот на Џоан Крафорд што го проектира Копола е гротескен, дури и благо критичен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но дали е женска?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Крајниот ефект на ова е хистерична претераност, токму во согласност со врисоците на Мур.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Загледана во џебот, почна да го кажува расказот: „Изгледа толку страшно да се остане стар ерген, да се остари во борбата за сочувување на достоинството додека молиш за прием кога сакаш да ја поминеш вечерта со луѓе, да бидеш болен и од аголот на својата постела со недели да ја гледаш празната соба, секогаш да велиш ‘добра ноќ’ пред излезната врата, никогаш да не брзаш по скалите со својата жена, во собата да имаш само споредни врати кои водат кон дневните соби на други луѓе, да мораш да им се воодушевуваш на туѓите деца не смеејќи да повторуваш: ‘Јас немам деца’, да го обликуваш својот изглед и однесувањето според еден или двајца стари ергени кои ги помниш од твојата младост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа така ќе биде, само што во стварноста, и денес и подоцна, ќе стоиш тука, со опипливо тело и стварна глава, па, значи, и со челото, за да удираш со раката по него.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа, штом се симнав од валканиот воз и минав низ Железничката станица, една стара зграда што и по својот изглед и амбиентот недвосмислено потсеќаше на последните романтично утописки денови на грофот Толстој, без нервоза тргнав пешки низ паркот што започнуваше веднаш тука, едно дваесетина метри подалеку од станицата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Едноставно, обрнуваше внимание на својот изглед.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Гледајќи се во огледало, стануваше сѐ позадоволна од својот изглед.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дали на вистинскиот убиец му се даде втора шанса и пред да се најде откриен па новинарот, од телевизорот во чекалната кај дебелата тетка, однапред ги загуби своите изгледи? - ова не ми беше познато, како ни Смарагдната шума на соништата во која мистично заталкав...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Беше свесна дека е убава, но сепак не беше задоволна од својот изглед: челото ѝ се чинеше премалечко, очите темно кафени, а не сини, линиите на телото ѝ се чинеа преизразени...се разбира претеруваше, тоа беа некои нејзини бубачки во главата, какви што си имаше секоја девојка на таа возраст.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се срамеше од својот изглед. Од облеката. Фризурата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Реши дека треба да изгледа како младолик, страстен, енергичен, чувствителен и образован маж, па воведе реформи и во својот изглед, и во однесувањето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Па и онака нема кому да се јави.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Морам да го проверам својот изглед.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оној што од сите можни најмногу го мразам: „Во пубертет си и сосема е природно што си незадоволна од себе и својот изглед.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И да немаш, ќе си измислиш недостатоци, за да имаш со што да се нервираш и околу што да очајуваш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)