свој (прид.) - извор (имн.)

Чувството на штета е присутно во целата уметност на Бојс.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ничеовото разликување ги одразувало различните чувства на телото - само-максимализирачко топло тело во контраст со само-минимализирач­ кото ладно тело.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојс однатре бил минималиста - ладен - но бил во состојба, како пчела, да ги максимализира своите извори - да стане топол.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Исто така Фицрој Маклин бил личен претствник на премиерот Черчил.34 Задачата на Маклин, добиена од британската влада, била поподробно да се запознае со состојбата во Југославија и во согласност на нејзината политика да се помагаат оние сили кои се борат против непријателот.35 Британската влада преку свои извори добивала информации за отпорот на партизаните во Југославија и сакала да им помогне.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Таа љубов, лишена од својот извор, му легна сега како нешто тешко, нерадосно згрутчено в гради, што ниту ја соживува и обогатува, ниту пак ја дотепува душата, а останува како нејзино неизменливо траење.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Уживањето во каламбури и игри на зборови со двојни и тројни значења и воопшто во енигмата, воведе интерпретирачки механизам кој своите извори ги лоцираше во најодалечените локации - средновековната алхемија, или во таканаречената Кабала или во класична Грција.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
За време на својот престој во Виена тоа се спријателило со бугарскиот конзул, при што го изразувало својот безграничен восхит спрема фирерот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според Емери, лицето Џ, од дневните весници или од свои извори, добило информации дека Хитлер имал намера да ја посети Виена.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се работи за интезитетот на поврзаноста на таа проза со своите извори, од една страна, и за моќта на Чинго да пишува „во стилот“ на не говорно-фолклорни структури.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Запрена на сртот како мал облак допрен до својот извор до нозете твои земјата ја чуваше својата осаменост пред густите влакнести шуми.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Затоа, за Чанга секоја книга од татковата библиотека како и од книгите за козите што ги наоѓаше од некои свои извори, претставуваше драгоцен камен на големата тврдина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко, според свои извори, имаше бројни сознанија за миграторните движења на жителите на Езерото, посебно на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Одломката доаѓа од оној дел близу до крајот на романот, кога Стефан Дедалус треба да стане писател, што сосема одговара, бидејќи наводот алудира на преминот од симболот кон богот на пишу-вањето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Наводот од Портретот на уметникот во младост стои во посложен однос спрема својот извор.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)