свој (прид.) - земјак (имн.)

Голем дел од нив си доаѓаа дома барем еднаш на неколку години, по некое непишано правило в лето, за да го искажат својот презир кон плитката памет и лошата материјалната состојба на своите земјаци во татковината.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Пред Гешовиот дом се сретна со својот земјак Аритон Газозаџиев, тукушто свршен агроном.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Оваа амбиција, како што рече Hocke (28), да се технизира метафоричноста, беше и Leonardoва тогаш кога маѓепсан од играта на огледалата, во Белведере падна под влијание на еден од своите земјаци, познатиот со прекар Giovanni degli Specchi, произведувач на огледала, и кога сонуваше за тоа да конструира една осумаголна катоптричка соба, совршен оптички лавиринт каде што човекот и неговата природа би ги фатил во стапицата на една неприродна перспектива.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Овде понекогаш ги сретнувам и своите земјаци, и ги гледам како брборат за екс-Југославија, за војната и причините за неа (откако побегнаа од војната и од причините!), како персонално се изјаснуваат, како стануваат глас на народот, ја прифаќаат улогата од која дома побегнале, а сега, ете, спремно ја прифаќаат; гледам како се прилагодуваат, како ги моделираат сопствените биографии и повеќе не знаат што е вистина, а што новостекнат image...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дина Вјерни, Русинка, направи сè што можеше да му помогне на својот земјак, ги изложи неговите дела во својата галерија во Париз во 1978.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
39. Но тие луѓе или се ограничија со издавањето на неколку книшки на македонски јазик, или пак се ограничија со зборување македонски дома или со своите земјаци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)