свој (прид.) - задолжение (имн.)

Знаеја: по заминувањето ги очекува онаа иста еднолична, монотона работа во своите воени кабинети и институти, крај своите воени карти со заокружената потесна локација на своите задолженија и проучувања - Балканот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Го сметал тоа за свое задолжение.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да речеме дека секој треба да си ја гледа работата, да си ги исполнува своите задолженија, да се почитуваме и да наоѓаме разбирање едни за други - па така ќе ни биде убаво на сите, и на децата и на родителите, и на возрасните и на младите.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
— — Без гајле, мудур ефенди, без гајле, — го успокои Сефедин стариот Стамболија на кого почнаа вилиците и брадата да му се терсат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Треба да се баеги собрани, — му прогвори Арслан на Сефедича и пак го опомена на своите задолженија и обврски кон падишахот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)