свој (прид.) - заб (имн.)

Навистина, кога ќе погледнеш околу себе, мал е бројот на оние кои веднаш им се покоруваат на тешкотиите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дека на човекот му нема рамен во тој однос во природата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога го откри него на дрвото, волкот си ја зеде неа со себе и отстапи в страна, продолжувајќи да ја дроби бавно со своите заби.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега знам дека нам само ни се причинува оти човекот е силна ѕверка што си ја носи како богат улов судбината во своите заби.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А така, изненаден, самјакот можеше многу лесно да се впушти по истата дира назад и притоа и него да го собере пред себе со оние свои заби и само додека трепнеш да го разнесе по снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сметаше дека ќе дојде време и таа да ги покаже своите заби.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рисот сигурно го дебнел за сето време оној малумен клапчо, сигурно и многу поодамна на него, а сега беше побрз и го однесе во своите заби.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)