свој (прид.) - единица (имн.)

Откако ги претресе селата по левиот брег на Црна, дојде редот и на Толевиот „пашалук" — старо Мариово, по десниот брег на Црна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Претпазливо, како секој искусен стратег, ги распореди своите единици од Скочивир до Беловодица и почна претрес по целата Селечка Планина и Смечот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По падобранската обука, на 16 септимври 1943 година е спуштен во западна Македонија (делот на Македоија под Грција) како британски офицер за врска, На 21 декември 1944 година се вратил во Каиро. Andrw Rossos,The Macedonians of Aegean Macedonia: A British officer`s report. 1944. The Slavonic and East European review, Volume 69, Number 2 - April 1991. 349 Evans 2/1/4, Liddell Hart Centre for Military Archives King`s College London. 350 Ibidem. 351 Ibid. 352 Ibid. 353 Поради неправилниот став на КПГ во однос на македонското национално прашање Наум Пејов во знак на протест со својата единица преминал на територијата на Македонија под Југославија. 354 Evans 2/1/4, Liddel Hart Centre for Military, Archives, King`s College London. 355 PRO FO 371/43739 R 21785 356 Ibidem. 357 Ibid. 358 Dokumenti o spolnjoj politici Socijalisticke Federativne Republike Jugoslavija 1941-1945, II,. Jugoslovenski pregled, Beograd 1989, 429. 359 Др Милан Скакун, Југословенско-Бугарски односи.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Исто така мисиите “не смееле да го знаат движењето, распоредот и оперативните планови на нашите единици“.286 На 5 октомври ГШ на НОВ и ПО на Македонија ги известува штабовите на своите единици “сите сојузнички групи и поединици кои немаат дозвола за влегување во земјата да се задржат кај вашиот штаб и веднаш да не известите како се викаат, од каде се пристигнале и со каква задача“.287 Видое Смилевски применувајќи ја оваа директива им забранил на членовите на мисијата Conserve да имаат контакт со “селаните и бара дозвола за наше влегување во земјата. Таква јас немам“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Поради засилената активност на Петтата бугарска армија ГШ на НОВ и ПО на Македонија извршил реорганизација на своите единици.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Секој во својата единица. Постројте се и тргнете по оној човек!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вели дека таму е збирното место и секој да си ја најди својата единица.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Другари команданти, тоа би било сѐ. Сега вратете се во своите единици и по изнесениот редослед започнете го прегрупирањето...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќерката своја единица за кого ја даде?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се тресеше учителот стиснат со жена му и син му во просториите на училиштето, се тресеа и селаните што тајно преку учителот им носеа храна на неколкуте српски војници скриени во училиштето кои ја имаа изгубено врската со својата единица при повлекувањето за Албанија.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На своите едниници Главниот штаб им наредил да ги запоседнат италијанските гарнизони и да го преземат оружјето пред да го сторат тоа Германците, кои ги реокупирале италијанските територии во Западна Македонија и во делот на Македонија во рамките на Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во таа новонастаната ситуација, политичките стратези во Британската разузнавачка служба сфатиле дека тоа е погоден момент да испратат свои мисии на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)