свој (прид.) - господ (имн.)

Земјо, мислеле, разбуди се од допирот на нашето страдање, смекни, стопли се и дај ни топлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не разбирам. Остави ме да му се молам на својот господ. Јас умирам, брате.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сакаат да заофкаат зашто така ќе им е полесно да ја истрпат болката, можат да се молат, секој на свој јазик и на свој господ, и молчат: православецот ќе му се посмее на исламецот, исламецот на православецот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се залажувале и сакале да го излажат својот господ, да се сожали на нив и да не ги заборави кога ќе дојде воскресот и се мачеле да не поверуваат дека гласот на челникот не е потсмешлив, дека е навистина благородна молитва и посредување за добрините што ќе дојдат еднаш, утре, подоцна, само за нив, изѕемнатици со издупчени опинци и издупчени души, онакви какви што биле и што ќе бидат секогаш пред розовите осамнувања на вистинската пролет која сепак ќе ги плисне со надежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)