свој (прид.) - глад (имн.)

За сето време, додека го мислеше тоа, остануваше свесен и за својата глад, а мислеше и на следните некоку дена, што мораше да ги помине долу, во својата пилана на Белата Долина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потиснувајќи го својот глад за храна со жита и овошје и гаснејќи ја жедта со вода, човекот не бил задоволен и открил начини за ферментирање и дестилирање на житата и овошјето за да направи алкохолни пијалаци.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мечката знаеше дека не ќе може на мир да ја насити својата глад, која беше толку неиздржлива во неа, што дури беше ја скорнала и од нејзиниот тврд зимен сон, сѐ додека се двајца, сѐ додека тој стои тука. Едниот мораше да отстапи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој воопшто никогаш и никогаш и никогаш не ќе биде во состојба да го приближи ножот до него и тоа само заради некоја своја глад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оние луѓе гледаа да го искористат кусото време на одморите за да ја заситат малку својата глад, а тој - за да поработи, и тоа се повторуваше секој ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кај него беше и тоа бунило, како што беше најсилно и сѐ друго, и машкоста, и инстинктот со најмалку напор од сите да изнајде нешто, со што ќе ја засити и својата глад, а и гладта на другите, со крвавите остатоци зад себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во мигот кога ја засити својата глад, како благодарност ги отвори чудните зеленобадемасти очиња.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)