свој (прид.) - генерал (имн.)

Малите оловни војници внимаваа на својот генерал застанати со втренчен поглед, поглед кој не познаваше никого секогаш чекаа загрижени за него и кога тој се враќаше гладен и изладен, искинат и парчосан, накиснат од грижи и безгрижно уморен, иако битката ниту ја беше добил, ниту изгубил зашто неговите победи беа украдени од вечноста, а противниците воздивнуваа дури и пред неговите соништа.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Неговата заборавеност се должеше на желбата да има повеќе војници, оние мали оловни војници кои, иако неподвижни и неми, секогаш и секаде ги победуваа битките и војните мрачни, иако невини и безначајни за времето, проколнати од недолжноста, малите оловни војници беспоштедно го сакаа својот генерал, мојот неповторлив другар.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Којзнае зошто, го послушав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Светот на комунистите си имал свои војски, ќе си имал и свои генерали, ако не веднаш, тогаш малку подоцна; броси јево; фрли го тој царски генерал в ѓубре, сосе рамка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)