свој (прид.) - врска (имн.)

Ја колнев фамилијата да ми помогне, негде да ми најдат работа, да ги активираат своите врски, еднаш, барем еднаш, да се помачат да ми обезбедат сигурна плата. И ми успеа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Морав да преговарам со трговските патници коишто залудно се обидуваа некому да му го подметнат шкартот што го произведуваше нашиот шеф.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ми ја зедоа Неговата слика и беа уверени дека ќе се споулавам во осаменост, ќе легнам врз шините на накој колосек или ќе се обесам на својата врска.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Маниристичката ингениозност во модерната техника почна да се ослободува од своите врски со човекот и станува "самостојна".
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Подоцна Чанга, преку своите врски на Балканот и другаде му носеше на татко ми нови книги за козите, па заеднички ги читаа и ги коментираа...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)