свој (прид.) - врв (имн.)

Но, сега, некогаш потиснуваните емоции, како да се подготвуваа да го достигнат својот врв.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А тогаш и најтврдиот од очи солзи срона: го стигна жалта својот врв.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Беше тоа еден кус временски период во којшто експресионизмот во Берлин го достигнал својот врв, како во интензитетот на заострените, строги канони на формата, така и во силата на видовитите описи.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Избивањето на војната 1914 г. не само што го прекина развојот што се стремеше кон својот врв, туку и ги закопа сите надежи за духовно-душевна обнова.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
РЕАЛИСТИЧКАТА УТОПИЈА, омеѓена со периодот меѓу двете светски војни, го доживеа својот врв кога тектонските сили на колективната свесност беа уништени од револуцијата на пролетеријатот во Русија и со подемот на Фашистичката и Нацистичката доктрина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но, точно на дваесеттиот ден, кога ловот го стигаше својот врв и кога пашата мислеше дека никогаш нема да сврши - одненадеж тој го прекрати, се откажа од срните...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И овие звуци на големите композитори на човештвото какви што беа Моцарт и Бетовен му покажуваа до која степен јаничарството ги обземаше европските духови кога беше на својот врв, како најзначаен инструмент на османските завојувања на трите континенти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Поп модата штотуку го достигна својот врв - беше доволно да се фрли поглед по Гимназиум за тоа да биде јасно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога само ќе помислам на сите оние часови поминати слушајќи ја Нико...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не можеше да протпостави: белата кожа на Јана се морничави и прска под туѓи прсти, под раширени и подвижни краци на мал полип, прсти - слух во своите врвови за таинствениот шум на секој зглоб и секој мускул. ...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сѐ еминентни, стручни и докажани експерти, кои, меѓу другото, до својот врв во наобразба и дообразба поминале едукативен пат кој им се поклопува зачудувачки на сите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Иако земјата под нив не истинала, ноќите се до самиот свој врв топли, не ќе е лошо да се седи околу оган: кога се гледаат в очи, луѓето со поголема радост се слушаат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе се издигне над обичната свера и ќе го достигне својот врв.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
По пат ќе набасам и на највисоката планина на Онтарио, која со својот врв ги пара облаците.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Според неговите согледувања, од тогашното расположение меѓу политичките кругови во Бугарија, „четириаголникот Горна Џумаја-Разлог-Неврокоп-Петрич ќе биде дел од македонската држава“, додека проблемот со грчката граница, како што забележува М Вестерн, е многу чувствителен, и покрај тоа што никој не можел да го оспорува фактот дека зоната меѓу Лерин и Солун е „населена со Македонци, кои малку се разликуваат од нивните роднини северно од границата“, а „Солун е природно пристаниште на областа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Осврнувајќи се на националноослободителните борби на македонскиот народ, тој посебно се задржува на перспективите на Македонија по ослободувањето, бидејќи тогаш „македонскиот патриотизам го достигнал својот врв“, што предизвикало „големи тешкотии за миротворците“, бидејќи „од два и пол милиони Македонци, само еден милион живеат во границите на југословенска Македонија“, а остатокот „сѐ уште се наоѓа под грчка и бугарска управа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа се случи среде лето, некаде кон крајот на јули, кога вжештеноста на сонцето го достигнуваше својот врв и кога попладнињата станаа неподносливо спарни.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Исто така, постојат многу луѓе кои од незнаење, немоќни да го достигнат својот врв на храброст, се доведуваат во ситуација да ја загрозат сопствената одбрана.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Подзапре, а потоа повторно забрза како оваа патувачка баханалија да мораше да го достигне својот врв и да заврши пред да се нурне сонцето в море.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)